Националната телевизија Телма од пред десетина дена има нов Главен и одговорен уредник.
Искусната новинарка и докажен професионалец, Наташа Стојановска, ќе биде новиот Главен и одговорен уредник на приватната национална телевизија Телма, наследувајќи ја позицијата од Снежана Лупевска-Созен, која останува во телевизијата.

Стојановска на новата позиција доаѓа од Блумберг Адриа каде што беше дел од лидерскиот тим уште од самото основање на редакцијата во Македонија. Пред да се приклучи на Блумберг, Наташа Стојановска веќе беше дел од Телма – во информативната редакција и тимот позади дебатната емисија “Топ Тема”. Претходно, Стојановска работела и во неколку други телевизиски куќи, меѓу кои Алсат и ТВ24.
Телма e основана во септември 1996 година, како една од првите приватни телевизиски станици во Македонија. Нејзин основач и сопственик е А.Д. Макпетрол — Скопје.
Името „Телма“ е добиено со комбинација на зборовите „телевизија“ и „Макпетрол“.