Маркетинг агенцијата Публицис Груп Скопје беше наградена со две статуетки од фестивалот за креативни идеи и настани BEAM, откако беше избрана како победник во категориите за Најдобар музички настан и Најдобра бренд активација. Со овие две награди, агенцијата само ја потврди успешноста на изминатата 2024 година, во која организираше голем број успешни настани.
И двете награди кои ги доби Публицис Груп беа за настани организирани по повод големиот јубилеј на Скопско, бренд кој минатата година прослави цели 100 години постоење.
Забавата организирана во Градскиот парк во Скопје беше централниот настан во главниот град минатата година, ги собра на едно место некои од најголемите домашни музички имиња на една сцена, кои заедно со илјадниците присутни направија неверојатна атмосфера и повикаа на здравица за овие, но и за следните 100 години Скопско! Со големата роденденска забава Публицис Груп Скопје ја заокружи и целата кампања за големиот јубилеј на Скопско – во која секој град од земјата доби сопствена персонализирана етикета од пивото: па така, Скопско стана и Битолско, Охридско, Штипско…
Успехот на тимот на Публицис Груп Скопје е резултат на напорната работа, синергијатa, но и силната експертиза на која се потпира агенцијата. Водејќи се од сопствената филозофија „Power of One“, агенцијата на своите клиенти им обезбедува интегриран и сеопфатен пристап што испорачува креативни решенија за нивните потреби.
BEAM е фестивал кој има за цел да ги истакне и да им оддаде признание на креативните идеи и настани, но и да се потенцира и поттикне важноста на настаните во маркетинг плановите на клиентите и компаниите. За добитниците на наградите и победничките проекти одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, маркетинг, PR и ивент агенции, продукциски куќи и компании од Македонија, а наградите се доделуваат во 11 различни категории. Организатор на BEAM Фестивал е Асоцијацијата на ивент индустрија ИВАП Скопје.