Наш денешен гостин е Милан Савов, основач и директор на дигиталната агенција SmartClick, специјализирана за SEO и Web Development.
Милан е успешен претприемач, бизнис лидер, сестран човек со долгогодишно искуство како фриленсер, програмер и сопственик на своја компанија која веќе 7 години успешно работи на македонскиот дигитален пазар. Со него разговараме за почетоците на SmartClick, за неговата деловна филозофија, за предизвиците со кои се соочил и успешно ги надминал, како и за актуелните теми во развојот на SEO и Web Development.

М365: На почетокот, ќе можете ли да ни ја споделите приказната зад основањето на SmartClick? Што ве инспирираше да влезете во индустријата за SEO и Web Development?
Милан Савов: Првично, започнав како фриленсер на UpWork. Сѐ беше одлично: го изградив профилот, па по неколку месеци веќе имав голем обем на работа и започнав да соработувам со сериозни клиенти, а истовремено и со неколку агенции. Меѓутоа, по некое време, почувствував дека вака нема да можам да продолжам на долг рок. Имаше неколку причини позади тоа како работење премногу саати во текот на денот и недостаток на сон, непредвидлив обем на работа бидејки често знае да има помали проекти со краток рок, додека пак во некои моменти, премногу проекти истовремено што еден човек неможе сам да ги заврши, и во тие моменти барав поддршка од колеги кои се специјализираа во истото што и јас. И, цело време си во истата таа трка, а често се случува и приливот на средства да биде непредвидлив.
Како фриленсер, ми недостигаше тим со кој ќе споделувам исти вредности и со кого ќе можам да градам нешто поголемо. Сакав да имам соработници со кои ќе растеме заедно и ќе изградиме попредвидлив систем за клиенти, без да бидеме постојано во трка по нови задачи и нови клиенти.
Создавањето на фирмата дојде природно, бидејќи еден клиент со кој најмногу соработував во тоа време, ми предложи да отворам фирма, за да го олесниме процесот на исплати. Набргу потоа, тој побара и поголем капацитет, кој јас лично не го имав, па брзо се решив да го ангажирам првиот член на тимот.
Инаку, мојата експертиза е web development, па додека работев на веб-страниците, забележав дека иако сајтовите беа одлично изработени технички, често не даваа добри резултати во однос на рангирањето, лидовите или продажбата. Почнав да освестувам дека SEO е клучната дополнителна вредност што може да ги подобри тие резултати.
Токму во тој момент настана идејата за партнерство со Бранко, со цел да им помогнеме на клиентите да самата веб страница рангира високо и на Гугл и со тоа да придонесе во покачување на нивниот промет и скалирање на бизнисот, а не да е само уште една веб страница која никој не ја гледа.
М365: На што се потпира Вашата деловна филозофија кога станува збор за водењето на успешна дигитална агенција? Што ја разликува SmartClick од конкурентите на пазарот?
Милан Савов: Мојата деловна филозофија е да понудам квалитет, и тоа се потпира на три клучни работи: премиум агенција, премиум тим и премиум продукт/сервис.
Требаше време додека да созрееме, поминаа и се филтрираа повеќе луѓе низ компанијата но сега можам да кажам дека Смартклик се состои од тим со висока експертиза, луѓе кои се вистински страствени за она што го прават. Тим од амбициозни луѓе кои што сакаат да учат и да се развиваат. Негуваме тимски дух и интегритетот на тимот ми е на прво место. Ние сме мал тим, но многу посветен, и тоа е нашиот клучен адут.
Не се стремиме кон квантитет. Не сакаме да имаме стотици клиенти, да работиме со секоја индустрија. Нашиот фокус е јасен – Помагаме на B2B SaaS компании. Работиме со помал број клиенти, но секој од нив добива премиум услуга која е во највисок квалитет.
Можеби е полесно да растеш кога не се обидуваш да бидеш се за сите. И затоа го правиме тоа што го правиме, со фокус на квалитет и резултати, а не на бројки.
Клучно нешто за овде би кажал – дајте си време да го создадете тимот и да сфатите која е вашата нај јака страна како компанија, бидејки не секогаш од сам старт тоа ни е јасно, особено ако отвориш фирма врз база на фриленс искуство.
Тоа што не прави различни од конкуренцијата е што сме смецијализирани само за две услуги кои се многу комплементари: SEO (Search Engine Optimization) и WordPress Development. Тоа не издвојува од другите бидејки стратегијата која што ја креираме за високо рангирање на Гугл на веб страниците, можеме и да ја спроведеме. Со тоа, ние целосно ја заменување потребата од вработување на овие позиции интерно во компаниите, и им заштедуваме време во целиот процес на регрутирања. А додатно на тоа ги имаме подготвено сите протоколи, процеси, алатки, и тимот ја има потребната експертиза, или, се што им потребно на нашите идеални клиенти.
М365: Кои се најголемите предизвици со кои се соочивте при основањето на компанијата? Како успеавте да ги надминете и какви совети би им дале не оние кои штотуку почнуваат во овој бизнис?
Милан Савов: Еден од најголемите предизвици при основањето на SmartClick беше што премногу се потпиравме на UpWork и препораки за наоѓање на нови клиенти. До одреден момент тоа супер функционираше, но не беше предвидливо. Тогаш сфатив дека ако не се впуштиме во маркетинг и продажба, овој начин на привлекување клиенти не е одржливо на долг рок и ќе биде многу тешко да растеме. Тоа беше момент кога мораше да се промени мајндсетот. Преминот од мајндсет на човек што прави вебсајтови кон човек што треба да знае каква вредност дава еден вебсајт на бизнисот којшто има потреба од вебсајт беше голема промена. Тешко беше, но беше неопходно за раст.
Друг голем предизвик беше самото формирање на тим. Кога не ја споделуваш својата мисија, визија и вредности, многу е тешко да привлечеш луѓе кои ќе те следат. Но, кога ќе излезеш од комфорната зона и започнеш да ги споделуваш овие идеи, почнуваш да привлекуваш луѓе кои се пронаоѓаат во визијата и кои ќе бидат подготвени да придонесат во градењето на компанијата. И тоа е нешто што прави вистинска разлика, бидејќи овие луѓе не треба да ги мотивираш, туку веќе се мотивирани, и нив им треба само опкружување во кое се чувствуваат како дел од нешто поголемо.
Следен предизвик беше позиционирањето. На почетокот не знаевме точно како да се позиционираме и како да се претставиме. Имавме соработки со многу различни индустрии и не знаевме кој ни е идеален клиент. Не знаевме како да ја пренесеме нашата вистинска вредност. Тоа беше голем предизвик, бидејќи како фриленсери, соработувавме со сите што ќе ни се јавеа, но потоа беше тешко да определиме во која индустрија навистина можеме да понудиме најголема вредност. Кога тоа го разјаснивме, откривме каква организациска структура треба да изградиме, кои позиции треба да имаме во тимот, на кои настани треба да се појавуваме, со какви луѓе треба да се поврзуваме и слично. Со други зборови, се што ни беше потребно беше фокус и јасност.
Мој совет за оние што започнуваат е да го најдат што е можно побрзо својот идеален клиент и целна публика. Јасно да дефинираат понудата и позицијата на пазарот. Кога јас го направив ова, стана многу појасно каква порака треба да пренесеме, како да комуницираме, каков да ни биде вебсајтот и кои настани треба да ги посетуваме.
Следниот предизвик беше – нејасно дефинирани позиции во тимот и мешање на обврски, што водеше до бегање од 100% одговорност.
Понатаму, кога ги дефиниравме одговорностите во тимот, работите станаа многу поефикасни. Во почетокот беше хаос – секој работеше се, но потоа ги поделивме задачите според тоа во што секој од нас е najдобар. Сега, секој знае каква улога има во компанијата, кои се негови одговорности, кои се негови клучни задачи, и како мериме прогрес. Тоа многу ја подобри организацијата и функционирањето на тимот.
Од се ова, сфатив едно нешто: колку растете вие како лидер, толку ќе расте и бизнисот. Вложувајте во себе и во својот личен развој. Не можете да градите лидери ако не сте и самите вие лидер. Во последните неколку години, вложив многу енергија, време и пари во моето лично и професионално развивање, инвестирајќи во индивидуални coaching сесии, mastermind групу, NLP обуки до master ниво и многу други. Секојдневно се инспирирам од врвни експерти како Tony Robbins, Dan Lok, Chris Do и Alex Hormozi, и редовно читам книги кои се фокусирани на бизнис, психологија, маркетинг и продажба, со цел постојано да го унапредувам моето знаење и вештини. Тоа ми помогна да се развијам како лидер и да ја водам компанијата во правецот што сакаме да го постигнеме. И сеуште соработувам со бизнис ментори кои што ме насочуваат.
М365: Во која насока се движи развојот на SEO и Web Development на македонскиот и меѓународниот пазар? Кои се трендовите и приоритетите на клиентите?
Милан Савов: Дефинитивно, одиме напред, но се чувствува разлика во начинот на размислување. Во други земји, SEO не е прашање на “дали им треба”, туку “дали можат да си го дозволат”. Во западните земји, компаниите често се фокусирани на тоа како да ја подобрат својата онлајн присутност бидејќи знаат колку тоа влијае на нивниот успех. Кај нас, свесноста за SEO и неговите бенефити е уште на почеток, иако се прават напори за напредок. Но, треба уште многу да се работи на тоа да се подигне свеста за значењето на SEO, и токму тука лежи нашата мисија.
За приоритетите на клиентите, најчесто главен приоритет е на зголемување на приходите, и тоа е нешто што мора да го комуницираме од самиот старт. Што и да правиме во позадина, ако не успееме да генерираме реални резултати, како што е конверзија на посетите на сајтот во продажби, клиентите не ќе бидат задоволни.
Во однос на трендовите:
Еден од најважните е градењето Brand Awareness – Свеста за брендот е клучна. Кај некои брендови, продажниот циклус може да биде подолг, но кога нивниот потенцијален клиент ќе дојде на разговор за продажба, тој веќе ќе сака да ја провери репутацијата и валидноста на брендот. Тоа значи дека клиентите често прават истражување пред или по самата средба, па затоа е важно да се работи на видливоста на брендот.
Пребарување преку нови технологии – Пребарувачите како Perplexity и ChatGPT се во пораст и клиентите сè повеќе ги користат овие алатки. Како дел од нашата стратегија, го вклучуваме оптимизирањето за овие нови платформи, бидејќи тие стануваат важен извор на информации и одговори.
Трендовите и приоритетите се менуваат, но што останува исто е дека на крајот, сите сакаме да видиме резултати што ќе се претворат во реални бенефити за нашите клиенти. Ние, како тим, сме тука да помогнеме и да изградиме стратегии кои не само што ќе донесат посети на сајт, туку и вистински резултати кои ќе го зголемат приходот.
М365: Секако, во овој контекст не можеме да ја одбегнеме актуелноста на вештачката интелигенција. Како нејзиниот развој ќе влијае врз иднината на индустријата за SEO и Web Development?
Милан Савов: Како компанија, се адаптираме на новите технологии, а посебно на влијанието на AI и новите трендови во индустријата. Следиме како се менуваат резултатите во пребарување, како стануваат се повеќе персонализирани и како новите технологии влијаат на тоа како луѓето пристапуваат до информации.
Внатрешно користиме вештачка интелигенције секаде каде што факторот за грешка е мал или не постои. Таму каде што сметаме дека неможеме целосно да се потпреме на AI – сеуште има човек што се грижи за тоа.
Гледаме голем потенцијал во градењето на веб-страници, како комплементарна услуга која доаѓа пред самата SEO стратегија. Многу клиенти се соочуваат со предизвици кога станува збор за дефинирање на целената публика, buyer persona, target market и правилната понуда. Ние веруваме дека можеме да им помогнеме во овие области, што ќе ги подготви за подобра SEO стратегија и, последично, ќе доведе до подобри резултати.
М365: Кои се Вашите планови за иднината? Каде ја гледате SmartClick во годините што ни претстојат?
Милан Савов: Ја гледам Смартклик како компанија која ќе продолжи да ги поддржува B2B SaaS бизнисите на еден сеопфатен и стратешки начин во нивниот раст. Верувам дека во иднина, можеби ќе се позиционираме и како accelerator за нивниот развој, не само преку SEO, туку и со поддршка во области како бизнис вештини, финансирање, па дури и со воспоставување партнерства со некои од нашите клиенти од самиот почеток.
Размислуваме за додавање на некои услуги кои што само ќе помогнат како да се изгради подобра вебстрана, а тоа е со подобро позиционирање, појасно дефиниран идеален клиент итн .. а друг сервис што можеби би го додале е CRO (Conversion Rate Optimization). Забележавме дека иако успеваме да го зголемиме трафикот на веб-страниците, важно е тој трафик да се конвертира во продажби и приход. Ние сакаме да помогнеме на нашите клиенти не само да донесат посетители на нивните страни, туку и да ги претворат во реални продажби, што е клучно за нивниот раст.