Австралиското Гран-при, како прва трка во сезонскиот календар на Формула 1, ќе се одржи овој викенд, а швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer ќе биде во срцето на случувањата како официјален мерач на времето.
Ова партнерство се заснова на споделени вредности како прецизност, иновативност и длабоко вкоренета страст за мотоспортот. Присуството на TAG Heuer на австралиското Гран-при ќе биде прослава на неговата легендарна поврзаност со Формула 1 преку мерење на времето и непогрешлив тркачки дух.
Еден од дефинирачките елементи што ќе одбележи присуството на TAG Heuer на австралиската трка ќе биде главниот часовникот кај пит-стоповите – ексклузивно создаден за Формула 1. Неговиот дизајн е инспириран од колекцијата часовници “TAG Heuer Formula 1” од 1986 година, но сега со дијаметар од 1200 мм и направен од материјали со високи перформанси – вклучувајќи рамка од фиберглас, лесен дисплеј од плексиглас и алуминиумски стрелки дизајнирани за оптимална читливост.
Надвор од патеката, TAG Heuer ќе го одбележи своето партнерство со Формула 1 со часовникот “TAG Heuer Monaco”, кој го симболизира тркачкото наследство и луксузот на Формула 1. Првично лансиран во 1969 година, “TAG Heuer Monaco” беше смел новитет во производството на часовници, славно носен од Стив МекКвин во филмот “Le Mans” од 1970 година. Неговото препознатливо квадратно куќиште, круната од левата страна и впечатливиот син бројчаник го зацементираа неговиот статус како икона за мотоспортот.

Во Формула 1, секоја милисекунда е важна. Секој пит-стоп, секој повик од тимот, секој рекорден круг се мери со апсолутна точност. Како што ќе се изгаснат светлата во Мелбурн и ќе започне сезоната во 2025 година, TAG Heuer ќе биде таму, ќе го овековечи секој одлучувачки момент, ќе ги слави најголемите достигнувања на тркачките патеки и ќе го зацврсти својот статус како ултимативно име во прецизното мерење на времето – како за оваа трка, така и за другите што ќе следат.
Официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.