„Мој Леб“ е најновиот бренд на леб кој што ќе го освојува регионот на Источна Македонија. Се произведува во Штип во богата палета која опфаќа бел, интегрален и р’жан леб со модерна технологија, без употреба на адитиви и вештачки бои, а одговорните за неговото производство најавуваат уште еден нов тип на леб, кој што е вистински новитет на пазарот.
“Станува збор за таканаречен “вечерен леб“, кој што ќе содржи многу поголем процент на протенини – до 25% на протеини и само 5% јаглехидрати. За споредба, стандардниот бел леб содржи 57% јаглехидрати. Тоа значи дека ќе направиме леб со висок квалитет, погоден за држење на диети“, најави Борче Мицов, раководител на “Мој леб“.
Овој леб до потрошувачите се дистрибуира со новите, модерни возила на дистрибутивната компанија „Премиум“ од Штип.
„Ние се грижиме овој производ безбедно и квалитетно да стигне до крајниот потрошувач. За таа цел сме опремени со возила кои ги исполнуваат сите Хасап стандарди“, потврди Мики Петров, сопственик на дистрибутивната компанија „Премиум“.
Промоцијата на овој нов бренд беше проследена со интегрирана BTL и ATL кампања за која беше задолжена маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“.