Од редефинирање на начинот на кој ја консумираме содржината до целосно нови модели на ангажман, генерацијата Z ги урива старите медиумски парадигми и ја обликува иднината според свои услови.
Токму затоа агенциската групација Dentsu го претставува својот најнов извештај – „The Gen Z Effect: Shaping the Year of Impact“, кој претставува длабинска анализа за тоа како генерацијата Z ги менува правилата на игра и ги поместува границите во дигиталниот екосистем.
Ова специјално издание, засновано на ексклузивни податоци од извештајот на Dentsu за Медиумски трендови во 2025 година, нуди длабински увид во најважните трендови кои ја обликуваат иднината на медиумите. Во соработка со Imagen Insights, истражувачка фирма која ги анализира навиките на потрошувачите, и експертите на Dentsu кои самите припаѓаат на генерацијата Z, извештајот комбинира податоци и автентични перспективи од прва рака.
Клучни теми на истражувањето:
- Доминација на содржини генерирани од вештачка интелигенција и алгоритамско планирање – како вештачката интелигенција го обликува начинот на кој се косумираат мдеиумите и влијае врз огласувачките стратегии.
- Експлозија на „niche“ заедници – како микро-групите се здружуваат околу заедничките интереси и сè повеќе влијаат на брендовите и пазарите.
- Моќта на микротрендовите – врската помеѓу дигиталниот и реалниот свет станува клучна во ангажманот на публиката.
Издвоени статистички податоци кои што ја менуваат перспективата:
- 75% од генерацијата Z не гледа телевизија во живо секој ден – традиционалната телевизија го губи приматот, а дигиталните платформи доминираат.
- До 2027 година, 79% од целокупните инвестиции за реклами ќе бидат управувани од алгоритми – огласувачите сè повеќе се потпираат на персонализирани пристапи водени од вештачка интелигенција.
- 40% од американската генерација Z се потпираат на рецензиите на онлајн инфлуенсерите пред да донесат одлуки за купување – традиционалното огласување сè повеќе ја губи својата моќ.
„Генерацијата Z не само што учествува во медиумскиот пејзаж – тие активно го преобликуваат“ – истакнува Нејт Најсли, директор за глобален маркетинг на медиуми во Dentsu, додавајќи: „Нашето истражување ги предизвикува брендовите и маркетерите да се прилагодат на новите правила на игра и да создадат автентична врска со генерацијата што води културни и технолошки промени“.
Повеќе информации и целосниот извештај можете да ги најдете на следниот ЛИНК.