Неодамна беше основана Бугарската асоцијација на креатори на содржини (BCCA), чија цел е да ги обедини и заштити креаторите на содржини, како и да го поддржи развојот на инфлуенсерскиот маркетинг и дигиталната индустрија.
Основачи на здружението се Александра Богданска, Слави Панајотов, Радостина Христова, Климент Јончев, Венета Романски, Ивајло Драгиев и Дарја Станчева. За претседател е избрана Радостина Христова, инаку основач на платформата Influencer Media.
„Здружението има за цел да воспостави етички и транспарентни стандарди во дигиталниот простор, да го зголеми квалитетот на содржината и да создаде услови за одржливи партнерства меѓу инфлуенсерите и бизнисите. Нашето здружение ќе работи на изградба на поодржлива и професионална средина за дигиталните креатори во Бугарија“ – изјави за медиумите Христова.
Повеќе информации за здружението се достапни на официјалната на веб-страница https://bcca.bg/.