Групацијата WPP ја соопшти аквизицијата на InfoSum, водечка светска платформа за работа со податоци. InfoSum ќе се приклучи на GroupM, медиумската инвестициска гранка на WPP, за да го поттикне создавањето на нова генерација маркетиншки решенија во ерата на вештачката интелигенција.
Оваа аквизиција претставува значаен стратешки чекор напред за WPP, овозможувајќи им на нивните клиенти непосреден пристап до големи меѓуплатформски извори на безбедни податоци, применливи за градење на маркетинг стратегии, таргетирање публика и обука на модели на вештачка интелигенција.
Широката глобална мрежа за податоци на InfoSum вклучува стотици милијарди податочни сигнали од медиумски платформи како Channel 4, DIRECTV, ITV, Netflix, News Corp и Samsung Ads, од глобални трговски платформи, како и од податочни партнери од редот на Experian, TransUnion, Circana, Dynata и NCSolutions.
Стекнувањето на InfoSum го забрзува градењето на платформата „Intelligence Beyond Identity“ на WPP за нивните клиенти, овозможувајќи им на огласувачите да ги прескокнуваат традиционалните технолошки решенија кои зависат од децениски стари и влошени бази на податоци ослабени со застарувањето на „колачињата“, фрагментацијата на платформите и расцепување на стапките на совпаѓање на публиката.
„Во WPP, ја градиме технологијата и инфраструктурата за податоци што ќе им даде на нашите клиенти уникатна конкурентска предност во ерата на вештачката интелигенција. Интеграцијата на InfoSum во WPP е голем чекор напред за нашите податочни капацитети и резултатите што можеме да ги испорачаме за нашите клиенти. Таа им овозможува на клиентите да останат во целосна контрола на нивните податоци од прва страна, а исто така им дава пристап до многу поголеми количини на висококвалитетни податоци усогласени со приватноста и пионерска технологија што не е достапна на кое било друго место на пазарот денес“ – посочува Марк Рид, генерален извршен директор на WPP.