Американската музичка ѕзведа Бијонсе и брендот на фармерки Levi’s го претставија третото видео продолжение од успешната кампања „Reiimagine“ („Реобмислување“), овој пат земајќи инспирација од популарна реклама на брендот објавена во далечната 1988 година.
Се работи за краткиот филм “Refrigerator” („Фрижидер“) чие дејство се одвива во некој рурален американски ресторан, овој пат трансформиран низ призма на модерноста со Бијонсе во главната улога. Во рекламата се појавува и кантри музичарот Вили Џонс, кој соработуваше со Бијонсе за нејзиниот кантри-поп албум „Cowboy Carter“.
„Levi’s не е наследен бренд – туку бренд со неверојатно наследство кое постојано останува во центарот на културата. Преку кампањата „Reiimagine“ и нашето партнерство со Бијонсе, една од највлијателните уметници на нашето време, се надоврзуваме на децениската класична иконографија на Levi’s и славиме што значи да се предводи со намера и самодоверба“ – истакнува Кени Мичел, глобален генерален маркетинг директор на компанијата Levi Strauss & Co.
Спотот е дел од целосно интегрирана глобална кампања, која исто така вклучува дигитални реклами,активности на социјалните мрежи, надворешно огласување и бренд активации.