Македонското Собрание на вчерашната седница ги донесе измените на Законот за медиуми, со кои државата добива Регистар на издавачи на онлајн медиуми кој ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Со цел да бидат впишани во овој регистар, заинтересираните интернет портали ќе треба да имаат вработено најмалку две лица со полно работно време. Исклучок се интернет-порталите со мал и/или специјализиран опфат, кои ќе мора да имаат вработено едно лице со полно работно време и едно лице со договор на дело.
Регистарот на интернет-портали ќе се води во електронска форма и ќе содржи податоци за: фирмата и седиштето, односно називот и адресата на издавачот на онлајн медиумот т.е. порталот; име и презиме на одговорното лице на порталот; името на медиумот/порталот; интернет адреса на порталот и регистрантот на македонскиот .мк или .мкд интернет-домен.
Законските измени може во целост да се разгледаат на следниот ЛИНК.