По четири успешни изданија во Скопје и две во Приштина, DevCon продолжува да ја гради својата традиција во Скопје со ново издание на 10 мај, повторно обединувајќи ја локалната ИТ заедница.
Оваа година, фокусот е на развој на веб и мобилни апликации, но ќе има и презентации на актуелни теми како што се DevOps, QA, податоци и вештачка интелигенција.
Присуството е бесплатно, регистрирајте се на следниов ЛИНК.
DevCon – настан создаден од заедницата, за заедницата – започна во 2019 година, овозможувајќи им на локалните и меѓународни професионалци да се поврзат, разменат искуства и споделат знаење за најновите трендови во ИТ индустријата.
Оваа година, покрај петте македонски говорници, програмата вклучува и по еден претставник од Косово и Грузија.
Целосната агенда на настанот како и повеќе информации за самата конференција може да се прочитаат на официјалнaта веб-страница.
“Чест и задоволство ни е да бидеме домаќини на конференцијата која по петти пат се одржува во Скопје. Секоја година расте интересот за DevCon и во бројот на учесници и во интересот за партнерство меѓу компаниите. Одбравме врвни говорници од ИТ индустријата кои ќе споделат знаење за најновите технологии и практики, прилагодени за различни интереси. Со задоволство ве покануваме да бидете дел од ова уникатно искуство и заедно да ја градиме иднината на ИТ заедницата” – изјави Петар Баковски, Оперативен директор во Valtech и еден од иницијаторите на DevCon.
“DevCon не претставува само презентации и предавања. Оваа конференција носи вистинска вредност преку знаењето кое го споделуваат токму луѓето кои секојдневно работат со технологијата создавајќи и одржувајќи најразлични продукти и услуги. Среќни сме што поддржуваме ваква иницијатива која ги поврзува луѓето и ја поттикнува нивната желба за учење. Нам сосема природно ни доаѓа да поддржиме еден ваков настан – баш онаков на каков и самите би сакале да присуствуваме” – додаде Брент Кастнер, Технички директор во Tarmac.
“Навистина ни е задоволство што се придружуваме на овогодинешниот DevCon како ко-организатори и што сме дел од ваков настан што ја зближува ИТ заедницата во Македонија. DevCon не само што претставува платформа за дискусија на најновите ИТ трендови и технологии, туку служи и за размена на искуства и создавање нови познанства во ИТ заедницата. Горди сме што поддржуваме вакви иницијативи и со нетрпение го очекуваме DevCon” – истакна Елена Инадеска Аврамовска, Employee Experience Manager во Singular.
Не пропуштајте, 10 мај, сабота во 09:00 часот, МКЦ Скопје (сала Фросина).
DevCon Skopje 2025 е меѓународна ИТ конференција, а кај нас годинава е поддржана со организација од компаниите Valtech, Tarmac and Singular, со поддршка од Women in Tech Macedonia, Marketing365 и Konekt.mk.
За партнерите:
Valtech е компанија за иновации со цел, која постои за да отклучи подобар начин да се доживее светот и им помага на брендовите да ги надминат најдобрите практики и да создадат многу повеќе. Со повеќе од 6.000 професионалци во над 60 канцеларии низ целиот свет, работат на пресекот помеѓу технологијата, креативноста, податоците и вештачката интелигенција за да ги трансформираат бизнисите. Нивните тимови создаваат беспрекорни дигитални искуства и работат со едни од најпрепознатливите светски брендови како L’Oréal, Mars, Audi, P&G, Volkswagen, Dolby и многу други. Valtech e доверлив партнер што нуди можности за раст, меѓународна кариера и шанса за работа на глобални проекти што ги поместуваат границите.
Дознајте повеќе на нивната веб страница valtech.com.
Tarmac е глобална компанија за развој на софтвер која им помага на бизнисите да дизајнираат, градат и поддржуваат исклучителен софтвер. Со канцеларии во Уругвај, Аргентина, Бразил, Македонија и Холандија, нивниот глобален тим од 300+ експерти е cпецијализиран за креирање софтверски решенија, вклучувајќи DevOps, UX/UI, автоматско тестирање, управување со производи и инженерство на податоци.
Дознајте повеќе на нивната веб страница tarmac.io.
Singular е интернационален iGaming софтвер провајдер со канцеларии во Малта, Грузија и Северна Македонија. Софтверските решенија на Singular имаат добиено повеќе награди и признанија, и ги користат дел од најпознатите и иновативни брендови во областа на спортско обложување и гејминг. Во 2021, Singular стана дел од Flutter Entertainment, светски лидер во онлајн спортско обложување и iGaming, чие портфолио вклучува големи брендови од индустријата како FanDuel, Sky Betting & Gaming, PokerStars, Paddy Power, MaxBet и Adjarabet.
Дознајте повеќе на веб страницата на Singular.