Брендот за безалкохолни пијалаци Пепси објави ново продолжение на кампањата „Thirsty for More“ („Жедни за повеќе“) која се реализира во соработка со креативната агенција Springtime.
Притоа, фудбалската легенда Дејвид Бекам се враќа на екраните како амбасадор на Пепси и овој пат има едноставна порака за гледачите: „Ако го сакате, никогаш не е залудно“ (“If you love it, it’s never a waste”).
Во краткиот филм гледаме различни групи на луѓе кои заеднички уживаат во играње игри, танцување на концерт, пеење караоке, патување, прославување – без некоја особена цел, освен љубовта кон самата активност и самиот момент.
„Секогаш е одлично да се работи со Пепси – заедно правиме кампањи повеќе од 20 години и во тој период создадовме многу одлични дела. Уживав снимајќи ја оваа најнова кампања и возбуден сум за она што доаѓа“ – коментираше Бекам, по повод објавувањето на рекламата.