Брендот на безалкохолни пијалаци Кока-Кола го објави лансирањето на “Shadows” („Сенки“), визуелно привлечна нова кампања што ја слави 110-годишнината од иконичното стаклено шише на брендот.
Класичната контура на Кока-Кола е толку препознатлива што потрошувачите можат да ја идентификуваат само од нејзината сенка. За да го долови овој момент, компанијата претстави впечатливи надворешни и дигитални реклами кои ја прикажуваат силуетата на шишето на пролетна и летна позадина.
„Овој јубилеј го одбележува значењето на класичното стаклено шише Кока-Кола како дизајнерска икона што го отелотворува духот на нашиот бренд. Оваа кампања го прикажува шишето Кока-Кола поставено наспроти живописни позадини, потсетувајќи нè на безвременското освежување и радост што Кока-Кола го носи во секоја сезона“ – посочува Ислам ЕлДесуки, глобален потпретседател за креативна стратегија и содржини во Кока-Кола.
Кампањата беше развиена од агенцискиот партнер WPP Open X, предводена од Ogilvy UK, а поддржана од EssenceMediaCom и VML Berlin. Нејзиното лансирање отпочна од пазарите на Обединетото Кралство, Белгија, Данска и Германија.