Пивара Скопје ја објави новата пролетно-летна кампања за брендот на ладно филтрирано пиво Скопско Smooth, со која ги повикува гледачите да ги „свртат очекувањата“.
Наспроти вообичаените пивски реклами на кои сме навикнале низ годините, а кои во преден план ја ставаат забавата, гужвата и динамичен ноќен живот, новата реклама на Smooth „врти“ на еден поинаков пристап: опуштено, релаксирано, лабаво…
„Сврти ги очекувањата, сврти го денот. Свежо. Опуштено. Сврти на Smooth!“ – е главната порака на новата кампања.
Рекамата е создадена во соработка со креативната агенција Публицис Скопје и продукциското студио Сектор Филм. Режисер е Никола Лежаиќ, а директор на фотографија е Александар Павловиќ. Видеото е проследено со песната „Три пати“ на КЕМ и нарацијата на Бојан Кирковски.