Луксузниот моден бренд Bottega Veneta постави интерактивна поетска инсталација во кинескиот град Шангај, насловена “A Poetic Conversation” („Поетски разговор“).
Инсталацијата содржи илјадници примероци од антологијата “In Such a Staggering World” („Во таков зачудувачки свет”) на кинеската поетеса Ју Сиухуа, распоредени во форма на логото на брендот, при што посетителите можеа да земат бесплатен примерок од книгата.
Ју Сиухуа, една од најпознатите кинески поетеси, стана позната со нејзината искрена и лична поезија која често ги истражува темите како љубов, слободата, инвалидитетот и самоизразувањето. Родена со церебрална парализа, поезијата на Ју Сиухуа ги предизвикува традиционалните погледи кои се однесуваат на телесниот инвалидитет, додека ги споделува нејзините романтични искуства и животните тешкотии.
За Bottega Veneta, поезијата на Ју Сиухуа ја одразува посветеноста на брендот кон автентичноста и индивидуалноста. Брендот е познат по својата дизајнерска филозофија без визуелно преоптоварување, проследена со верувањето дека вистинското самоизразување е поважно од надворешното брендирање.
Специјалното издание на поетската антологија вклучува постер со слоганот на Bottega Veneta – „When your own initials are enough“ („Кога вашите сопствени иницијали се доволни“), како и бележник со нова поема од Ју Сиухуа инспирирана токму од филозофијата на брендот.
Кампањата беше реализирана во соработка со креативната агенција LePub.