Британската огласувачка групација WPP повторно планира организациски промени, овојпат разделувајќи ги агенциите AKQA и Grey, по нивното претходно спојување во 2020 година – пренесуваат магазините Campaign и AdAge.
Според извори од компанијата, двете агенции имаат различни идентитети и компетенции, што ја наметнало потребата од нова структура. Па така, Grey ќе продолжи да функционира како независен бренд во рамки на агенциската мрежа на Ogilvy.
Неодамна се појавија наводи дека WPP сака да го трансформира и својот медиумски огранок, така што досегашната GroupM ќе биде трансформирана во WPP Media, со цел поедноставување на оперативната структура.
Креативната агенциска мрежа Ogilvy, досега речиси недопрена од реструктуирањата во WPP, сега го проширува својот обем со вклучување на Grey.