Брендот на безалкохолни пијалаци Pepsi лансираше нова глобална кампања насловена “Refresh the Game” („Освежи ја играта“), која обединува бројни фудбалските легенди од минатото и сегашноста.
Во кампањата се вклучени Дејвид Бекам, Пеле, Роналдињо, Алексија Путелас, Лорен Џејмс, Лија Вилијамсон, Каролин Греам Хансен и Фара Џефри, со кои заедно брендот слави 50 години на незаборавни фудбалски моменти преку реинтерпретација на иконични сцени од минати рекламни кампањи.
„Сведоци сме на нова генерација спортски суперѕвезди и ни беше чест да се појавиме покрај нив. Играчите во оваа кампања одиграа клучна улога во доведувањето на женскиот фудбал до таму каде што е денес“ – истакнува Дејвид Бекам, осврнувајќи се на значителното присуство на фудбалерки во кампањата.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Copa90, а зад камерата се најде истакнатата режисерка Никол Акерман.