За многу фудбалски навивачи, преднатпреварските ритуали се нешто свето. А за две посветени навивачки на Арсенал, одржувањето на тие традиции стана возможно – благодарение на неочекувана помош од пивскиот бренд Heineken.
Во пресрет на женското финале на Лигата на шампионите на УЕФА кое се одигра овој викенд во Лисабон, Heineken го рекреираше пабот The Twelve Pins, омиленото место на навивачите на Арсенал во Северен Лондон, 2.200 километри од неговата оригинална локација.
Пабот, поставен на тркала, беше транспортиран до португалската престолнина за да им овозможи на навивачките Амели Маргарет Кирк и Софи Херст да ја одржат својата вообичаена рутинa пред натпреварот, додека нивниот тим се подготвува за пресметка со Барселона.
Оваа акција е дел од пошироката кампања на Heineken, со која се става фокус на вистинските навивачи чија страст го прави фудбалот нешто многу повеќе од само игра. Под хаштагот #SuperstitiousFans, кампањата ја слави навивачката лојалност и ритуалите што стануваат неразделен дел од нивната љубов кон тимот.
Во случајот, повторувањето на ритуалот се покажа успешно, со оглед на фактот што фудбалерките на Арсенал победија со резултат од 1-0 и беа крунисани како шампионки на Европа.