Британскиот актер, Арон Тејлор-Џонсон, се придружи на семејството глобални амбасадори на швајцарскиот производител на луксузни часовници OMEGA, носејќи ги со себе доминантното присуство на екраните и посветеноста кон совршенството.
Новото партнерство беше прославено заедно во седиштето на OMEGA во Биел, Швајцарија, каде што Тејлор-Џонсон помина време истражувајќи ги реномираните часовничарски капацитети и музејот на бреднот. Таму тој се запозна со механичката генијалност што стои позади прецизното склопување на современите часовници на OMEGA, истовремено дознавајќи повеќе за уникатното историско наследство што го издвојува овој бренд во светот на часовниците.
По неговата посета, Тејлор-Џонсон изјави: „Отсекогаш сум ги ценел часовниците, но особено OMEGA. Сега, по посетата на фабриката, сум воодушевен од вештината потребна за производство на толку луксузен производ“.
„Арон е толку разновиден актер, со опсег што опфаќа акција, трилер, романса и многу повеќе. Во OMEGA, отсекогаш сме биле импресионирани од тој сеопфатен квалитет и неговиот пионерски пристап кон толку многу улоги. Неговата страст за часовници е исто така јасна, па затоа сме воодушевени што го пречекуваме како нов амбасадор и ја споделуваме возбудата за нашите најнови креации“ – истакнува Рејналд Ешлиман, претседател и извршен директор на OMEGA.