Официјално означен почетокот на натпреварот за млади креативци „Young Drummers“ на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum.
Фестивалот Golden Drum и спонзорот Mastercard Slovenia ги покануваат сите млади креативци под 30 години кои имаат смели идеи да го пријават својот концепт и впечатлив постер (или серија постери) за овогодишната тема „Скокни во свет каде што секој припаѓа“ (“Jump into a World Where Everybody Belongs”).
Жирито за овогодинешното издание на натпреварот Young Drummers ќе биде составено од:
- Алексис Чемпа, фриленс извршен креативен директор и претстедателка на жирито;
- Џесика Клар, виш потпретседател за пазарни комуникации, Mastercard Central Europe
- Бјанка Гетер, директор за дизајн, Dentsu Dubai, Обединети Арапски Емирати
- Виктор Шкурба, основач и управен партнер, ISD Group, Украина
- Адам Здеб, генерален креативен директор, FCB Warsaw, Полска
Претставете ја вашата визија за инклузивен свет – гласен, горд и полн со срце. Подготвени сте да оставите свој белег? Не чекајте!
Што добивате ако успеете?
- Голема награда: Освојувате 1.000 евра
- VIP вибрации: Освојувате БЕСПЛАТНА влезница за фестивалот Golden Drum + добивате внимение на големата меѓународна сцена
Крајниот рок за пријавување е 12 септември 2025 година.
Финалистите ќе бидат објавени на 30 септември 2025, а победниците на 14 октомври 2025.
Котизација: 70 евра (без ДДВ)
Истакнете ја вашата креативност и поднесете ја вашата пријава на следниот ЛИНК.