Пред една година, стотици маркетинг директори и помошници маркетинг директори во P&G, најголемиот светски огласувач, официјално станаа бренд директори и помошници бренд директори.
Минатиот јуни, Tesco ја замени Chief Marketing улогата со Chief Customer Officer.
Во Јануари, Абигел Комбер, Head of Marketing во BA, премина во новосоздадената улога на Head of Customer.
Сопствениците на брендовите ги менуваат своите улоги. Но, дали тоа го прават и агенциите?
Како ‘човек во костум’, не постои двоумење во мојата глава дека титулата Client Service Director е излишна – улогите се променети.
Работната титула е високо емотивна работа – дел описна, дел признавање и дел статус. Вистина, понекогаш таа скоро и да не се совпаѓа со вистинската содржина на улогата. Затоа планирам да ја променам титулата во Client Partnership Director.
Моделот е променет
‘Костимите’ (жаргон за Client Service Director) го поседуваа односот меѓу клиентот и агенцијата. Тие присуствуваа на состаноци со клиентите, правеа брифинг, презентираа, пренесуваа повратни информации и ретко дозволуваа креативците да бидат видени.
Работите се поразлични. Комуникациите се променаа од емитување до интеракција и конверзација. Многу е поголем предизвикот да се влијае врз луѓето не само да веруваат, туку да делуваат. Нашите клиенти бараат партнери на кои можат да им веруваат, не само чисти даватели на услуги, кои ќе им помогнат да се движат во овој нов свет и најдобро да се поврзат со своите потрошувачи.
Клиентите сакаат да видат планери, креативци и бизнис партнери кои ја докажуваат својата вредност со тоа што правилно ја разбираат нивната индустрија, кои го чувствувајќи го притисокот под кои се наоѓаат, и кои нудат вредни решенија.
Ако сакаш нешто ново, треба да престанеш да го правиш старото.
Денешниот Chief Marketing Officer се соочува со големи одлуки на тоа како, кога и каде да се потроши буџетот за да предизвика раст. Начинот на кој луѓето се ангажираат со брендовите еволуира и водењето конверзација зазема клучно место.
Улогата на бизнис партнерот [претходно познат како Client Service Director] денес не се однесува само на услужување на клиентите, туку на разбирање на нивниот бизнисот, нивно разбирање како луѓе и разбирање на околината која треба да ја испорачаат.
Тогаш треба да создадеш услови каде ќе се развиваат висококвалитетното размислување и добра работа.
Партнерствата се базирани на доверба и почит
Од моето скорешно пристигнување во Gemoetry Global, гледам маркетери кои свикуваат конференции за инвестирање во креативни решенија кои навистина го менуваат односот и ги оптимизираат перформансите.
Тие го подобруваат начинот на кои гледаат на нивните потрошувачи – барајќи од нас да откриеме нови сознанија за потрошувачите и да идентификуваме специфични точки на влијание кои го редефинираат начинот на кој го презентираат својот производ.
Ние градиме партнерства базирани врз доверба и почит, овозможувајќи да се заврши добра работа без да рискираме нечија работа. Тоа е комплексен свет каде се дава услуга и каде амбициозни клиенти кои сакаат да направат големи чекори сакаат партнер, не снабдувач.
Носачи на торби не се добредојдени
Денес, кога интервјуирам и прашувам за предности, начестиот одговор кој го слушам е ‘Јас сум добар со луѓе, цврст во градење врски’. Есенцијално да, но моите очи се превртуваат. Спротивно на тоа, моите уши се изоструваат кога некој ќе ми каже дека разбира како луѓето се однесуваат, како купуваат, како функционираат клиентите, и кои имат силни стратешки и кретивни погледи.
Ни требаат луѓе кои ќе им помагаат на клиентите да се движат во комплексен свет. Мојот поглед? Помагајте им на клиентите да ги разбираат луѓето, помогнете им да го променат однесувањето на потрошувачите и да влијаат врз купувањето – или нека ја променат професијата.
Извор : Campaign