Искусниот менаџер на Visa ќе раководи со операциите и присуството во регионот со висок раст што опфаќа 86 пазари
Visa (NYSE: V) денеска го објави назначувањето на Тарек Мухмуд за Регионален претседател за Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка (CEMEA). Во новата улога, докажаниот лидер на Visa ќе биде одговорен за водење на операциите во повеќе од 86 иновативни и брзорастечки пазари. Денес, CEMEA операциите на Visa опслужуваат над 1.800 клиенти од 23 локални канцеларии низ регионот.
Г-дин Мухмуд носи со себе повеќе од 30 години искуство во банкарство и платни системи. Последно ја извршуваше функцијата раководител на Служби со додадена вредност (Value-Added Services) за европскиот регион на Visa, со седиште во Лондон, а на Visa ѝ се приклучи во 2019 година како Групен менаџер за земјите од Југоисточна Азија, со седиште во Сингапур. Пред да се приклучи на Visa, г-дин Мухмуд извршуваше раководни позиции во Ahli United Bank, ANZ и HSBC. Тој ќе биде базиран во Дубаи и веднаш ја презема новата функција, известувајќи до Оливер Џенкин, Групен претседател за Глобалните пазари во Visa.
Г-дин Мухмуд го наследува Ендрју Торе, кој неодамна беше назначен за Претседател на бизнисот со Служби со додадена вредност во Visa – сегмент кој брзо се разви во глобален бизнис вреден 9 милијарди долари и остварува годишен раст на приходите од 20% од 2021 година наваму.
„Нè радува што назначуваме лидер со толку длабоко искуство на пресекот меѓу финансиските услуги, технологијата и пазарите со висок раст, за да ја води најбрзорастечката област на Visa и да продолжи да ја гради иднината на дигиталните плаќања низ CEMEA“, изјави г-дин Џенкин. „Во текот на неговата кариера, Тарек работеше во 13 земји и носи уникатна глобална перспектива, врвно лидерство и докажано искуство во соработка со најголемите клиенти на Visa на разновидни, сложени и брзопроменливи пазари.“
„Голема чест е да се води регионот CEMEA и да се продолжи со исклучителниот напредок во трансформацијата на иднината на плаќањата, трговијата и движењето на парите во толку динамични пазари“, изјави г-дин Мухмуд. „Поминав повеќе од една третина од мојата кариера во овој регион и возбуден сум од можноста дополнително да ги прошириме дигиталните плаќања кај потрошувачите, трговците и економиите. Со нетрпение очекувам да работам со нашиот извонреден тим за да овозможиме заеднички раст со нашите клиенти и партнери низ регионот“.