Маркетинг агенциите McCann, DRV и AdVenture, заедно со медиумските агенции UM, Initiative, Media Jobs, како и Media Pool, кои успешно работат на осум пазари во Југоисточна Европа, ги здружуваат своите сили во рамки на AMA Group. Сите агенции го задржуваат својот бренд идентитет, а ова здружување овозможува подобра синергија меѓу агенциите, интеграција на тимовите, размена на знаења и искуства, како и пристап до податоци и алатки. Благодарение на тоа, клиентите ќе добијат на едно место, под ист покрив, сè што им е потребно од комуникациски услуги за развој на нивниот бизнис.
„Во AMA Group, страста е двигател на сè што правиме. Нашата мисија е преку креативност, знаење и интегритет да им овозможиме на брендовите да растат и да постигнуваат резултати, нудејќи им на нашите партнери иновативни и ефикасни решенија како одговор на предизвиците на современиот пазар. Нашите луѓе се нашата сила. Повеќе од 400 креативци, акаунт менаџери, дизајнери, стратези, медиумски планери, аналитичари, дигитални експерти и копирајтери, со својот талент, професионалност и стручност создаваат додадена вредност за некои од најголемите светски, регионални и локални брендови“ – истакнува Маја Антиќ, генерална извршна директорка на AMA Group.
AMA Group работи на пазарите во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија. Во своето работење ги развива, негува и одразува клучните вредности: силата на луѓето, агилноста во работењето, фокусот на потребите на клиентите, почитувањето на етичките принципи со стремеж кон извонредност, глобален пристап во работата со клиенти комбиниран со локално знаење и креативност водена од страст.
AMA Group е дел од словачкиот Across Media Holding (AMH).
Повеќе информации на веб-страницата на AMA Group и на профилот на LinkedIn.