Еден од најмасовните европски креативни фестивали Eurobest, кој оваа година ќе се одржи од 1-ви до 3-ти декември во Антверп, Белгија, ги отвори пријавите за овогодишното издание. Меѓу новите иницијативи стартувани за 2015 година, секако во фокусот е онаа за Creative Basecamp, кое треба да биде новиот центар за младите европски креативни таленти.
Во соработка со белгискиот Creative Club, Евробест го претстави Creative Basecamp како би овозможил на младите посетители уште подобро искуство од самиот фестивал. Philip Thomas, CEO на Lions Festivals за таа прилика изјави: “Creative Basecamp е многу повеќе од само обезбедување простор – тоа е дом, место за средби и центар на инспирацијата. Тоа е одличен додаток на Евробест и помага во нашата намера да ги негуваме и усовршуваме младите таленти“.
Пријавите за Creative Basecamp ќе бидат отворени во Август, а дополнителни информации за програмата можат да се најдат на : http://www.eurobest.com/training/young_creative_basecamp/