(РЕГИОН) – Press Clipping Словенија потпиша договор за стратешко партнерство со норвешката компанија TargetEveryOne кој ќе важи за целиот Адриатик регион.
TargetEveryOne со својата едноставна и ефикасна услуга за мобилен маркетинг им помага на корисниците да управуваат со својот однос со купувачите и да ја зголемат продажбата на своите услуги и производи.
TargetEveryOne овозможува:
– Изработка на дигитални и мобилни кампањи за неколку минути
– Таргетирање и сегментирање на крајните корисници
– Дистрибуција преку повеќе канали истовремено (мобилни телефони, Фејсбук, Твитер, итн..)
– Разбирање на корисничкото искуство со помош на моќен и напреден аналитички систем.
Првите луѓе на Press clippinga и TargetEveryOne, во своите изјави по повод потпишувањето на договорот изразија обострано задоволство од стартот на соработката и надеж дека новата услуга ќе им биде од голема корист на сите кленти од Адриатик регионот.
Извор: Медиа-Маркетинг