Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, ја лансираше првата целосно дигитална услуга за осигурително брокерство во соработка со УНИКА Лајф, Allianz Partners и GrECo Македонија.
Со ова за прв пат во Македонија е развиен модерен и флексибилен модел на осигурување под името “Ризико Плус – Осигурување на живот на кредитокорисник”, кој вклучува покритија кои се прилагодени на потребите на финансиските институции и нивните клиенти.
Оваа соработка ја обединува глобалната моќ на Allianz во преземање на ризици и обработка на штети, додека со експертизата на УНИКА Лајф и GrECo Македонија, кредитокорисниците комплетно ќе бидат заштитени од ризикот доколку не бидат во можност да го вратат кредиот поради непредвидени настани, како што се губење на живот или неспособност за работа како последица од несреќа и болести. На овој начин, преостанатиот износ на кредит не го наследуваат членовите на семејството, туку го отплаќа осигурувачот.
Сите операции – поднесување барања, активирање на полисата, управување со документи и барање на оштета – се одвиваат, целосно дигитално и во реално време, и се достапни во мобилната апликација Myiute.
Осигурително-брокерскиот бизнис на групациско ниво интензивно расте, што го прави овој бизнис сегмент еден од клучните стратешки области на компанијата и централен дел на еко-системот на Иуте. Лансирањето на овој модел претставува значаен чекор во градењето на еден комплетен и модерен еко-систем на услуги што ги нуди Иуте. Со воведување на овој продукт ние поставуваме нов стандард на пазарот и им овозможуваме на нашите клиенти финансиска сигурност и заштита токму тогаш кога им е најпотребна. Нашата цел е да ја направиме секоја финансиска обврска побезбедна и поедноставна, комбинирајќи ја технолошката иновација со човечката грижа и одговорност – посочи Борјан Колемишевски, Извршен Директор на осигурителното брокерско друштво Iute Safe.