Гостин предавач на овогодинешното издание на BalCannes е директорот на едиторијалот на Epica, г-дин Марк Тангејт. Најдобрите проекти од BalCannes 2015 ќе добијат 50% попуст за пријавување на Epica Awards !
Единствена прилика за регионалните агенции да се претстават во глобалната конкуренција и индустрија е добиена преку партнерството које е остварено помеѓу регионалната ревија на рекламни агенции BalCannes и глобалното натпреварување Epica.
Тоа што BalCannes е за нашиов регион, Epica наградите се за целиот свет. Epica е единствено глобално креативно натпреварување кое ги наградува проектите за кои одлучува жири од новинари од преку 40 изданија на маркетинг и комуникациски магазини и портали. Основано во 1987 година, нуди независно жири и глобална медиска покриеност, и како такво, прилекува илјадници пријави од преку 60 земји.
Со ова партнерство, 25-те најдобри регионални проекти кои ќе бидат избрани на BalCannes ќе добијат 50% попуст за пријава на агенцијата на овогодинешните Epica награди кои во ноември ќе се одржат во Берлин.
Како дел од програмата на BalCannes на Weekend Media Festival, предавање за тоа што се е потребно за една кампања да биде успешна и да освои награда ќе одржи директорот на едиторијалот на Epica, г-дин Марк Тангејт. Искуствата со глобалното жири на Epica и принципите на жирирање ќе бидат илустрирани преку проекција на 45-минутниот филм The Epica Showcase, со најдобрите пријавени кампањи и нивни студии на случај.
Марк Тангејт е домаќин на меѓународното жити на Epica како и уредник на годишникот Epica Book. Со преку 30 години искуства во новинарството, автор е на шест книги, вклучувајќи ја и Adland: A Global History of Advertising , како и на безброј колумни за The Times, The Financial Times, Advertising Age и Campaign. Покрај тоа работел и како гостински автор и копирајтер за брендови како Diesel, Guess и MTV.
Потсетуваме дека пријавите за овогодинешното издание на BalCannes се отворени до 10 септември.
Повеќе информации за пријавувањето погледнете на : www.balcannes.com