Кидомедо е старт-ап онлајн платформа која има за цел да им помогне на родителите полесно да го организираат секојдневието на нивните деца.
Секој родител знае колку е предизвикувачки да се организира добра роденденска прослава, да се најде креативна работилница или вистинското место за викенд-забава. Токму од таа постојана потрага, една мајка реши да го поедностави целиот процес, не само за себе, туку за сите.
На Кидомедо ќе најдете:
- Настани и активности за деца
- Идеи и услуги за роденденски прослави
- Продавници со детски производи
- Работилници, курсеви и едукативни програми
- Проверени препораки од локални бизниси
Ова не е само веб-страница. Ова е приказна за мајчинска грижа што стана дигитална мисија. Од една страна, им помага на родителите да најдат доверливи и квалитетни содржини, а од друга – им дава поддршка на малите бизниси што работат посветено во областа на детски услуги и забава.
Преку директен контакт со соработниците и внимателна селекција на содржините, Кидомедо се стреми да понуди проверени, релевантни и свежи информации.
„Започнуваме скромно, но со голема мисија – да создадеме заедница каде родителите и локалните бизниси ќе соработуваат, ќе се поддржуваат и ќе растат заедно“ – велат од Кидомедо.
Пoгледнете што нудат и поедноставете си го секојдневието со децата!