Минатата недела, модниот бренд „Be.“ организираше ексклузивен „Private Showroom Pop-Up“ настан, резервиран за мал број на лојални клиенти и блиски пријатели.
Присутните имаа ретка можност одблиску да ги истражат новите модели, да ги пробаат парчињата и лично да ги почувствуваат текстурите и материјалите со кои „Be.“ гради препознатлива модна естетика.
Брендот, познат по користење на „deadstock“ материјали и лимитирани серии, уште еднаш го потврди својот фокус на квалитетна изработка и внимателен дизајн. Гостите беа импресионирани од финишот, структурата и вниманието посветено на секој детал.
Дополнителен шмек на атмосферата ѝ даде специјалниот коктел на база на Tanqueray, креиран токму за овој настан од екипата на „Gemak Trade“. Освежувачкиот микс, инспириран од духот на брендот, едногласно беше наречен “Be. different” – токму како што и самата модна филозофија на „Be.“ нè учи да бидеме.
Со овој интимен настан, „Be.“ испрати силна порака дека гради модна заедница која знае да препознае и вреднува автентична, бавна мода и најави уште многу вакви интимни настани.
Сите достапни парчиња на „Be.“ Можете да ги погледнете на нивната онлајн продавница: www.be.com.mk/shop или во Скопје во продажното место на „Disciplina“ во близина на хотел „Marriott“.
Во продолжение разгледајте ја фотогалеријата од настанот, низ објективот на Марио Андоновски: