Глобалната маркетинг групација Interpublic Group ја претстави новата платформа Agentic Systems for Commerce (ASC), иновативна алатка која користи вештачка интелигенција за да им помогне на брендовите да ја зголемат својата онлајн продажба.
Онлајн трговијата станува сè покомплексна – цените често се менуваат, конкуренцијата е голема, а потрошувачите купуваат преку различни трговци како Amazon, Walmart, Temu и други. Новата алатка ASC е дизајнирана да ја поедностави оваа динамика, собирајќи и анализирајќи податоци во реално време.
Платформата следи сè – од видливоста на производот и цените, до достапноста во залиха и тоа што го пребаруваат корисниците – па дури и на ниво на поединечна продавница или артикл. Но, ASC не се задржува само на анализа. Таа може да предложи, а во некои случаи и автоматски да преземе чекори, за подобрување на описите, цените или рекламните стратегии, со цел да се зголеми видливоста и продажбата на производите.
Досега, околу 20 големи брендови веќе ја започнале со користење на платформата, а првичните резултати се охрабрувачки – покажувајќи двоцифрен раст и во бројот на прегледи и во продажбата.
„Овој нов систем им помага на брендовите да се снајдат во комплексниот и конкурентен трговски пејзаж“ – посочува Филип Краковски, генерален извршен директор на Interpublic. „Не се работи само за правење реклами – туку за користење на вештачка интелигенција за да се постигнат реални, мерливи резултати.“
Платформата ASC се потпира на податоци од Intelligence Node, технолошка компанија што неодамна беше купена од Interpublic со цел зајакнување на нивната понуда во е-трговијата. Проектот го води д-р Џеријад Зогби, експерт со богато искуство во дигиталната трговија.
Со ова, Interpublic прави значаен чекор надвор од традиционалното огласување, насочувајќи се кон системи со вештачка интелигенција кои им помагаат на брендовите да продаваат попаметно и побрзо на сите дигитални платформи.