Глобалната маркетинг групација Omnicom го соопшти формирањето на Omnicom Oceania, нова регионална структура која ги обединува сите нејзини агенции и услуги во Австралија и Нов Зеланд под едно заедничко раководство. Ова ги вклучува водечките агенции за огласување, медиуми, односи со јавност, дигитален маркетинг и продукција на содржина.
Целта на оваа промена е да се понудат поиновативни, флексибилни и специјализирани решенија за клиентите, со поддршка од инвестициите на Omnicom во вештачката интелигенција, податоците и платформата Omni. Групацијата веќе покажа силни резултати со клиенти како Telstra и Coles, преку сопствени маркетинг-модели.
За извршен директор на Omnicom Oceania е назначен Ник Герет. Тој се враќа во Omnicom по неколку години во Deloitte Digital, каде што имаше глобални лидерски улоги и се фокусираше на поврзување на креативноста со технологијата и бизнис стратегијата. Претходно ги водеше креативните агенции Clemenger BBDO и Colenso BBDO, а работел и во TBWA во Сиднеј и Лос Анџелес.
Герет изјави дека гледа голем потенцијал за агенциите да влијаат врз бизнис одлуките и надвор од традиционалниот маркетинг. „Постои огромен простор за раст, и навистина сум возбуден што се враќам во Omnicom за да помогнам во забрзување на тој раст,“ рече тој.
Генералниот извршен директор на Omnicom, Џон Врен, го нарече Герет идеален лидер за регионот: „Ник длабоко го познава нашиот бизнис и има искуство да ги поврзе креативноста, технологијата и податоците за постигнување резултати за нашите клиенти.“ За својата работа, Герет дирекно ќе го известува Врен.