Германскиот производител на автомобили BMW Group го продолжи и прошири своето медиумско партнерство со глобалната комуникациска мрежа Dentsu, избирајќи ја перформанс-маркетинг агенцијата iProspect да ја води соработката на 23 европски пазари.
Новиот договор започнува на 1 јануари 2026 и ги опфаќа сите активности поврзани со медиумско планирање и закуп за брендовите BMW, MINI и Motorrad. Притоа, Dentsu ќе обезбеди и консултантски услуги во областа на податоци и технологија, вклучувајќи примената на вештачка интелигенција и паметно користење на податоци за поефикасно таргетирање на потрошувачи преку повеќе канали.
Партнерството е дел од моделот на Dentsu наречен „Networked Intelligence“, кој комбинира медиуми, технологија и маркетинг ориентиран кон резултати во единствена стратегија. Глобалната претседателката на iProspect, Аманда Мориси, изјави дека договорот го потврдува капацитетот на агенцијата да ги поврзе медиумите, податоците и технологијата за раст на брендовите.
Уве Дрехер, потпретседател за маркетинг на BMW за Европа, рече дека е возбуден што започнува нова фаза во комуникацијата која е повеќе базирана на податоци, поддржана од вештачка интелигенција и насочена кон клиентите. Тој нагласи дека целта е да се зголеми ефикасноста и влијанието на компанијата, како и да се поддржи лансирањето на новата платформа за возила „Neue Klasse“ на европскиот пазар.