Социјалната мрежа Instagram воведува нови функции кои го враќаат фокусот на личните врски. Со ажурирањето, корисниците добија три нови опции: „Reposts“, „Friend Map“ и „Friends Tab“ во Reels. Овие промени се дел од обидот на платформата да ги подобри врските помеѓу пријателите, додека се обидува да остане конкурентна на TikTok и Snapchat.
Првата новина е „Reposts“. Сега, корисниците можат да споделуваат јавни постови и видео-ролни на други корисници на својот профил. Овие реобјави ќе се појавуваат и на профилот на корисникот, како и во новиот Reposts Tab. Со оваа опција, креаторите на содржини ќе имаат можност да допрат до повеќе луѓе, без да зависат само од алгоритмот.
Нова функција е и „Friend Map“, која им дозволува на корисниците да ја споделуваат своја локација со пријателите. Локацијата се обновува само кога апликацијата е отворена, а корисниците имаат контрола над тоа кој ќе ја види нивната локација. Оваа функција нуди поголема приватност од сличните опции на други платформи.
Последната новина е „Friends Tab“ во Reels, која покажува што вашите пријатели гледаат и лајкуваат во смисла на видео-ролни (Reels). Ова ја прави содржината на Reels помалку случајна и повеќе поврзана со активностите на вашите пријатели.
Со овие нови функции, Instagram се обидува да го подобри искуството на корисниците и да ја направи платформата поперсонализирана и фокусирана на врските помеѓу луѓето.