Изминатата година Dell ангажираше неколку YouTube инфлуенсери за својата back-to-school кампања, која беше оценета многу позитивно од стручната јавност. Оваа година започна многу слична кампања, но наместо млади интернет селебрити луѓе, вклучува успешни млади луѓе кои не се познати но се многу успешни во полиња како мода, наука и технологија. Луѓе кои достигнале успеси – Achievers !
Во новата серија на спотови креирана во соработка со Y&R Њуjорк, брендот следи четири успешни млади особи: Taylor Wilson, 21-годишен нуклеарен физичар, Isabell Rose, 14-годишна модна дизајнерка и уметничка, Joao Pedro Motta, 19 годишен бразилски технолошки претприемач и 19-годишната YouTube сензација Jenn McAllister, позната и како Jennxpen.
“Мисијата на Dell е да ги продаде своите 2-во-1 уреди (лаптоп и таблет) и разни други ИТ производи на тинејџерите”, изјави Meredith Kinee, копирајтер во Y&R Њујорк, со напомена дека брендот сакаше тоа да го постигне со прикажување на тинејџери кои користат технологија за да ги остварат своите соништа.
Оваа дигитална кампања од четири спота од по 90 секунди ќе трае до септември оваа година. Dell исто така сними и спот од 30 секунди со McAllister кој ќе биде прикажуван и на ТВ.
“Dell сака од тинејџерите да направи стручњаци за технологија и да им зборува на начин кој е на нивното ниво“, изјави Kinee. “Постои ли подобар начин да се зборува за сручноста од тоа да се земат реални деца кои се навистина стручњаци во своето подрајче? Нам ни беше важно да пронајдеме деца кои не се само YouTube звезди, кои не се само инфлуенсери , туку и имаат некакви озбилни технолошки приказни и поголеми достигнувања.“