Шпаркасе Банка известува дека од 1.9.2025 година ќе ги намали тарифите и надоместоците за 15 услуги наменети за физички лица и за 6 услуги наменети за правни лица.
Станува збор за значајни намалувања и до 70 % за одредени надоместоци, поттикнати од променетиот модел за пресметка и наплата на надоместоци што банките ги плаќаат за користење и процесирање услуги преку Меѓубанкарскиот платен систем (МИПС) на НБРСМ.
Намалувањето на трошоците за банките, Шпаркасе Банка го пренесува директно во корист на своите клиенти.
Изменетата тарифна политика е насочена кон стимулирање на користењето дигитални канали, редуцирање на надоместоците за платен промет и унапредување на целокупното корисничко искуство.
Корекција на тарифата за физички лица
- Целосно укинување на надоместокот за реализирање интерни електронски налози и за уште 5 други услуги.
- Намалување на клучните оперативни надоместоци во платен промет во земјата:
- Над 60 % намалување на надоместокот за реализирање електронски налози преку МИПС
- Над 30 % намалување на надоместокот за реализирање хартиени безготовински налози преку МИПС во експозитурите на банката
- 70 % намалување на надоместокот за реализирање хартиени готовински налози преку МИПС во експозитурите на банката
- Над 50 % намалување на надоместокот за реализирање хартиени готовински налози преку МИПС во експозитурите на банката, за клиенти од други банки
- Над 15 % намалување на надоместокот за реализирање електронски налози преку КИБС
- 10 % намалување на надоместокот за реализирање хартиени безготовински налози преку КИБС во експозитурите на банката
Дополнително, како пазарен лидер за сегмент млади, со повеќе од 40.000 млади клиенти, во рамките на тарифата и надоместоците за физички лица, Шпаркасе Банка продолжува да нуди целосно бесплатна услуга и пакет за млади Vibe On, кој вклучува бесплатно одржување сметка, користење мобилно и електронско банкарство, дебитна картичка и други банкарски услуги без надоместок. Овој пакет е наменет за сите млади лица на возраст до 25 години и има за цел да им овозможи едноставен пристап до финансиски услуги и да им понуди сеопфатен модел на финансиска едукација.
Корекција на тарифата за правни лица
- Целосно укинување на 4 административни надоместоци за правни лица
- Ревидирани надоместоци за платен промет:
- До 50 % намалени трошоци од редовната тарифа за МИПС-налози преку електронско банкарство
- До 35 % намалени трошоци од редовната тарифа за интерни трансакции (помеѓу сметки во Шпаркасе Банка) реализирани преку електронско банкарство
Со имплементацијата на новата тарифна структура, Шпаркасе Банка се позиционира како проактивен финансиски партнер, подготвен да ги поддржи клиентите во период на динамични економски и технолошки промени. Редукцијата на трошоците, дигиталната експанзија и транспарентноста се трите носечки столбови на оваа иницијатива, во функција на унапредување на конкурентноста и долгорочната одржливост. Водена од мотото „Верувај во иднината“, Шпаркасе Банка останува посветена на создавање финансиски решенија што ги следат потребите на поединците и на бизнисите.
Повеќе детали за намалување на надоместоците за физички и правни лица што ќе важат од 1.9.2025 се достапни на следните линкови: