Истражувачката компанија Nielsen склучи нов договор со WPP Media за подобро следење на навиките на гледачите и слушателите на телевизија, стриминг, аудио и други платформи. Во рамки на нивното партнерство ќе се користи системот Nielsen ONE, кој ги комбинира „големите податоци“ (Big Data) со проверени информации од истражувачки панели за публиката.
Податоците од Nielsen ќе се вклучат во Open Media Studio (OMS) – платформа во рамките на WPP Open која го покрива целиот процес на испорака на огласувачки пораки преку медиумите. Со тоа, огласувачите полесно ќе можат да ги користат напредните информации за публиката при планирање, закупување и мерење на своите кампањи.
Никола Гран, извршен директор за истражување и аналитика во WPP Media, изјави дека целта е клиентите да добијат подобри алатки за раст на нивнио бизнис. „Со вклучување на напредните податоци од Nielsen во WPP Open, создаваме поврзан систем кој им помага на огласувачите да постигнат подобри резултати и побрз раст“, рече тој.
Мет Девит, директор за огласувачи и агенции во Nielsen, нагласи зошто е важно да се соработува со компании како WPP Media: „Нашата цел е да дадеме најкорисни информации за брендовите, за да можат да носат правилни одлуки за своите вложувања во огласувањето.“
Новите можности ќе овозможат подобро поврзување на податоците и ќе им дадат на огласувачите подетални информации за планирање и оценување на кампањите. Со спојување на податоците од истражувачките панели и најголемата база на „големи податоци“ во индустријата, Nielsen нуди посигурен и поширок увид во публиката.
Ова партнерство е дел од пошироките напори на Nielsen да го поедностави и подобри процесот на купување и продавање медиумски простор. Со својот ID систем и широката покриеност на дигитални, стриминг и CTV платформи, компанијата има цел да постави нов стандард за прецизно мерење на публиката во огласувачката индустрија.