Организаторите на Eurobest Awards, каде се слават најреволуционерните креативни достигнувања во Европа, соопштија дека се отворени пријавите за 38-то издание на натпреварот. Оваа година наградите добиваат измени што го одразуваат постојано променливиот креативен пејзаж во Европа и ги прославуваат проектите што поттикнуваат вистинско влијание, инклузивност и иновација.
Како дел од посветеноста на Eurobest да остане во првите редови на европската креативност, повеќе натпреварувачки категории се прецизно преобликувани и развиени за подобро да го одразуваат начинот на кој креативноста ја менува културата, бизнисот и општеството:
- Еволуција на „Design Eurobest Award“
Со новата секција „Transformative Design“, наградата сега ѝ оддава почест на врвната дизајнерска изведба која носи мерлив деловен ефект преку иновација и создава стратешка вредност за брендови низ Европа. - Освежување на „Social & Creator Eurobest Award“
Поранешната „Social & Influencer“ награда е преименувана и развиена за да го опфати подемот на економијата на креаторите на содржини. Воведени се пет поткатегории кои го препознаваат исклучителниот маркетинг предводен од креатори и клучната улога што тие ја имаат во обликувањето на бренд-наративите и деловните резултати. - Преобликување на „Glass: The Award for Change“
Категорија која оддава признание на креативната извонредност која застапува еднаквост низ поширок спектар на заедници, вклучувајќи попреченост, раса, сексуалност и социјална нееднаквост, истакнувајќи проекти што поттикнуваат долготрајно влијание и поинклузивна застапеност. - Воведување на поткатегоријата „Long-Term Brand Platform“
Оваа нова поткатегорија, присутна во повеќе Eurobest награди, ги слави долготрајните бренд-платформи кои обезбедиле континуирана креативна ефективност во период од најмалку три години, докажувајќи ја долгорочната моќ на креативноста во градењето бренд-вредност и траен деловен успех.
Другите новини во наградите вклучуваат развој на „Creative Business Transformation Eurobest Award“ со две нови поткатегории: „Transformative Strategy“ и „Employee Experience“; нови UX фокусирани категории во „Creative Commerce“; секција „Digital Content“ во рамки на „Digital Craft“; категорија „Cultural Engagement“ воведена во повеќе награди; како и поткатегоријата „Excellence in Image Description“. Подобрувањата во „Creative B2B“ сега прават јасна разлика меѓу B2B, B2C2B и B2B2C апликациите, додека прецизирањата во категориите „Audio & Radio“ и „Print & Publishing“ им нудат на учесниците појасен начин за разликување меѓу класичните и современите пристапи. Повеќе информации за наградите се достапни ТУКА.
„Годинешните промени го одразуваат темпото на промените и во општеството и во нашата индустрија. Ги развиваме нашите награди за подобро да ја препознаеме улогата на креативноста во надминувањето на структурните нееднаквости, во прославувањето на долгорочното градење брендови и во прифаќањето на новите креативни хоризонти како што е економијата на креаторите. Гордост ни е што ги поддржуваме проектите кои не само што се издвојуваат, туку и создаваат вистинска промена во креативниот маркетинг низ Европа“ – истакнува Маријана Бренели, глобална директорка за награди во LIONS.
Во пресрет на натпреварот, заинтересираните учесници имаат можност да се приклучат на вебинари предводени од експерти, каде ќе слушнат значајни информации и увиди од минатогодишни победници, членови на жирито и тимот на LIONS. Вебинарите ќе опфатат и совети за аплицирање, ќе ги објаснат новините во наградите за 2025 година и ќе вклучуваат сесии со прашања и одговори во живо. Притоа, сите вебинари ќе бидат достапни и на барање. Повеќе информации за вебинарите се достапни на www.eurobest.com.