Телекомуникацискиот гигант Vodafone го обнови своето партнерство со Carat, медиска агенција која е дел од групацијата на Dentsu, задржувајќи ја како партнер за планирање и закуп на огласувачки простор во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA). Новиот тригодишен договор започнува на 1 јануари 2026 година.
Со договорот, Carat ќе продолжи да ја води медиумската стратегија на 11 клучни пазари, меѓу кои Германија, Грција, Турција, Јужна Африка и Обединетото Кралство, каде што ќе управува со брендовите Vodafone и VOXI. Агенцијата исто така ќе ја поддржува компанијата во јакнење на внатрешните медиумски капацитети на Vodafone.
Обновениот договор претставува и надградба на досегашната шестгодишна соработка, така што агенцијата Carat ќе премине од позиција на доверлив реализатор на медиумски услуги во улога на стратешки партнер за медиумска трансформација. Ова вклучува нови можности за интеграција и развој на решенија кои се потпираат на силните страни на Dentsu во областа на податоците, вештачката интелигенција и анализа на публиката.
Анна Кембел, глобален управен директор и глобален клиент-претседател во Carat, го опиша новиот договор како голем успех. „Освојувањето на трет последователен мандат со Vodafone е извонредно достигнување и силна потврда за резултатите кои заедно ги постигнавме,“ рече таа. „Овој успех ја одразува силата на нашето долгорочно партнерство, заедничката визија за медиумска трансформација и талентот низ нашата глобална мрежа.“