Бугарскиот огласувачки пазар забележал стабилен раст и во 2024 година, покажуваат годишните податоци на Бугарската асоцијација на комуникациските агенции (БАКА). Нето-износот на огласувачките инвестиции во 2024 година достигнале 665,5 милиони лева (340,3 милиони евра) што претставува зголемување од 8,7% во однос на претходната година.
Огласувачите продолжуваат да го насочуваат најголемиот дел од своите инвестиции во телевизиско огласување, при што се очекува инфлацијата на цените да достигне 23% во 2025 година, што дополнително ќе влијае врз динамиката на пазарот.
Дигиталните канали го заземаат второто место по привлечност за огласувачите. Иако сè уште не ја надминуваат телевизијата по вкупен удел, тие растат со значително побрзо темпо и се очекува во наредниот период да играат сè позначајна улога.
БАКА предвидува дека во 2025 година рекламниот пазар во Бугарија ќе достигне нето-износ од 736,4 милиони лева (376,5 милиони евра), што би значело дополнителен раст од 10,7% на годишно ниво. Со тоа, бугарскиот рекламен сектор го потврдува трендот на умерен и континуиран развој.
Анализираните податоци не ги вклучуваат вложувањата во креацијата и продукцијата на рекламни формати, туку само во медиумско пласирање.