Samsung ја започна својата преклопна ера во 2019 година со Galaxy Fold – уред што го отвори патот кон нова категорија мобилни уреди. Веќе со втората генерација Galaxy Z Fold2 и Z Flip2 се постави темелот на „Z“ серијата, и со секоја наредна генерација, Samsung демонстрираше континуирана посветеност кон иновации, подобрувајќи ги материјалите, механизмите и корисничкото искуство.
Fold и Flip: Две визии, една технологија
Fold моделите се насочени кон професионалци и корисници што бараат продуктивност во мобилна форма, додека Flip серијата се позиционира како стилски, компактен и интелигентен избор за динамични корисници. Flip уредите, особено, станаа популарни меѓу младите и женската популација, благодарение на нивниот дизајн и функционалност.
Galaxy Z Fold7: Мобилна AI канцеларија
Galaxy Z Fold7 е најмоќниот Fold досега. Со 8-инчен AMOLED дисплеј и надворешен 6.5-инчен екран, уредот нуди беспрекорно визуелно и мултитаскинг искуство. Snapdragon 8 Elite чипсет, до 16GB RAM и до 512GB меморија овозможуваат брзина и стабилност, додека Galaxy AI ги автоматизира задачите, пребарува документи и обезбедува напредна заштита на податоци. Камерата од 200MP и тенкиот дизајн го прават Fold7 идеален за деловни корисници кои бараат моќ и естетика.Galaxy Z Flip7: Елеганција со интелигентна функционалност
Galaxy Z Flip7 комбинира стил и технолошка зрелост. Со 6.9-инчен Dynamic AMOLED 2X дисплеј, Exynos 2500 чипсет и 12GB RAM, уредот е подготвен за секојдневни предизвици. Galaxy AI овозможува паметна обработка на фотографии, преводи во реално време и smart search, додека FlexMode овозможува hands-free интеракција. Батеријата од 4300mAh, Wi-Fi 7 и IP48 сертификат го прават Flip7 најинтелигентниот и најфлексибилниот Flip досега.
Бизнис вредност и долгорочна сигурност
Со One UI 8 и гарантирани 7 години софтверски надградби, Samsung нуди долгорочна стабилност и безбедност. Knox платформата обезбедува врвна заштита на чувствителни деловни информации, од биометриски податоци до финансиски документи.
Дополнително, унапредени апликации како SmartThings со која од екранот на вашиот Galaxy телефон можете да управувате со телевизорот, да ги следите програмите и работењето на бројни уреди во вашето домаќинство како телевизорот, машината за перење, фрижидерот, климата…и сето тоа од далечина.
И крајно – ако сакате да се уверите, тука е апликацијата Try Galaxy која им овозможува на корисниците да го тестираат Galaxy AI искуството и функционалностите на војот телефон, уште пред купување на новиот Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 .
Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 не се само нови уреди – тие се дел од визија што ја трансформира мобилната продуктивност и комуникација. За бизнис корисниците, ова е инвестиција во иднината.