Модниот бренд Gap ја претстави својата есенска кампања за 2025 година под името „Better in Denim“, со која повторно ги враќа во мода два свои препознатливи модели: тексас фамерки со низок струк и легендарните фармерки Long & Lean. Кампањата го истакнува тексасот како симбол на индивидуалност, движење и заедништво меѓу генерациите.
Главни ѕвезди на кампањата се женската музичка група KATSEYE, облечени целосно во тексас. Шестчлената група, позната по својата културна разноликост и силно влијание врз младинската култура, настапува на хитот од почетокот на 2000-тите „Milkshake“ од Келис. Кореографијата, создадена од Роби Блу, комбинира балет, хип-хоп, џез-фанк и класични техники, покажувајќи дека тексасот се движи заедно со телото и се приспособува на различни стилови.
Во централниот видеоспот на кампањата, членовите на групата постепено се здружуваат во круг, како метафора за чувството на заедништво. Снимено на специјално изграден сет во Лос Анџелес, спотот ја слави слободата, единството и наследството на Gap во музиката и движењето.
Претседателот и извршен директор на Gap, Марк Брајтбард, истакна дека кампањата ја одразува смелата и инклузивна визија на брендот: „Соработката со KATSEYE беше природен избор. „Better in Denim“ е најдобриот израз на тоа кој е Gap денес – свеж, релевантен и оригинален.“ Од групата KATSEYE додаваат дека проектот им овозможил да бидат свои, внесувајќи ја сопствената култура и стил во секој кадар.
Покрај кампањата, Gap повторно ги претставува фармерките Long & Lean, овојпат со модернизирана форма, подобрена удобност и десет нови сезонски нијанси. Моделот е дизајниран за движење и разновидност, повикувајќи ги сите генерации повторно да го откријат тексасот и да го направат свој.
Кампањата се реализира во соработка со огласувачката агенција Invisible Dynamics од Лос Анџелес.