KFC одлучи да ја прослави својата 60-годишнина од присуството во Канада на многу специјален начин, вреднувајќи секој еден спомен низ сите овие години. Како што велат од KFC Canada, “некои од најдобрите спомени се направени околу KFC паковката”, па затоа ја создадовме “Корпата на спомени” за да ги охрабриме потрошувачите да создадат уште повеќе спомени!
KFC заедно со агенцијата Grip Limited бараа специјален начин како да ја прослават 60-годишната застапеност на брендот во Канада, кога ги слушнаа приказните на неколку клиенти кои се навраќаа на спомени создадени околу KFC корпата. Тоа доведе до идеа за една иновативна KFC корпа, маскиран фото-принтер кој инстантно ги печати вашите нови спомени.
Тие прицврстиле bluetooth полароиден принтер на дното на вистинска KFC корпа, како начин за инстантно печатење на фотографиите само со помош на телефон. Како што е прикажано во видеото во продолжение, група на пријатели кои уживаат во корпа KFC пилешко може да направат една забавна фотографија и да ја испечатат во само неколку секунди, како “нов начин за создавање спомени околу KFC корпа”. На овој начин спомените ќе траат подолго, поврзувајќи ги уште повеќе со KFC.
Кампањата се базира врз моќта на носталгијата и емоционалното значење на спомените за луѓето, особено кога се работи за добри спомени кои не сакате да ги заборавите. Испечатените фотографии можеби не се повеќе толку чести, но тие се се’ уште физичка претстава на некој спомен, кој може да го држите во раце и да го вреднувате засекогаш. KFC сакаше да ги потсети нивните клиенти дека многу работи се случуваат кога уживате во KFC корпата со вашите пријатели и чувтвото при нивното споделување е секогаш добро. Љубов, позитивност, носталгија се измешани во среќни спомени кои сакате да ги имате засекогаш.
Идејата беше сметана за успех за KFC Canada, бидејќи многу клиенти ја бараа “Корпата на спомени”, а KFC ги информираше дека и покрај тоа што таквите корпи нема да бидат во продажба, тие планираат да им ги даваат на нивните лојални фанови.
Хаштагот #Happy60KFC кој беше употребен како дел од кампањата водеше до многу позитивни реакции од клиентите ширум светот, кои посакуваа и тие да можат да уживаат во KFC корпата додека ги печатат своите спомени. Иновативната идеја придонесе и за значајна медиумска застапеност на KFC, предизвикувајќи ги другите брендови да ја победат нивната креативност во нивните следни кампањи.