Од неодамна во Македонија започна со работа компанијата Смиљковиќ ИП (https://smiljkovic-ip.com/), нова компанија специјализирана во доменот на интелектуалната сопственост, чиј основач е Катерина Смиљковиќ, која нејзиното долгогодишно работно искуство на американскиот и европскиот пазар, преку новата компанија има за цел да го пренесе и на македонскиот пазар и да им помогне и на домашните компании да ја валоризираат својата интелектуална сопственост на повеќе начини и преку повеќе различни форми. Повеќе за тоа што Смиљковиќ ИП носи како вредност и know-how и на домашниот пазар прочитајте во интервјуто во продолжение.

- Како се роди идејата за отворање на компанијата Смиљковиќ ИП и која е вашата визијата за компанијата?
Смиљковиќ ИП се роди како логична последица на моето долгогодишно работење со патенти со дел од најголемите технолошки компании во светот. Јас сум електро инженер по струка и пред повеќе од 10 години добив понуда да работам како патентен истражувач за американска компанија. Тогаш прв пат се запознав со интелектуална сопственост и почнав да согледувам колку голема улога игра за бизнисите. Таму клиенти ни беа компании од типот на Мајкрософт, Гугл, Епл и други, каде што патентните спорови што ги работевме можеа да сменат целосен тек на една компанија. Тогаш согледав што значи кога компанија си ги заштитува своите интелектуални асети и кои се последиците кога не го прави тоа на време. Пред 3 години започнав процес на квалификација за Европски Патентен Застапник, пред Европскиот Патентен Завод, а исто така се квалификував и за Застапник пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост во Македонија. Така, како логичен следен чекор се појави креирањето на компанијата Смиљковиќ ИП, со цел целокупното искуство и знаење да го понудам на едно место, кон домашни и странски компании. Мојата визија за компанијата е да прерасне во регионален партнер за интелектуална сопственост на бизнисите и на тој пат да помогнеме на многу компании да пораснат преку користење на вредноста на своите интелектуални асети. Има многу интелектуална вредност тука. Треба само да се заштити и да се продава глобално!
- Што е специфично и уникатно во вашиот пристап кон интелектуалната сопственост и заштита на интелектуалните асети?
Интелектуалната сопственост е мултидисциплинарна дејност, бара познавање од повеќе области за да се работи ефикасно и во служба на бизнисите. Она што ние го нудиме како услуга е на пресекот на три дејности, технологија, бизнис и право. Накратко, правната рамка за заштита ја преведуваме во бизнис јазик кој сите компании го разбираат. А кога се работи особено за патенти, и во јазикот на технологијата која се заштитува. Дополнително, им помагаме на компаниите и во процесот на монетизација на нивните заштитени интелектуални права.
Во пракса, секогаш тргаме од “зошто” нешто треба да се заштити, наместо “како”. Работиме со бизнисите на разбирање на нивниот UVP (Unique Value Proposition), со цел да разбереме зошто нивните клиенти се спремни да им платат. Откако ќе ја детектираме уникатноста на еден бизнис, следен чекор е да ја заштитиме соодветно со сите мерки што ги имаме на располагање.
- Што е тоа што можете да им го понудите на компаниите и како може да стигнат од идеја до заштитена интелектуална сопственост?
Кога зборуваме за интелектуална сопственост, мислиме на интелектуална сопственост во поширока смисла на зборот. Покрај трговски марки и патенти, тука спаѓа и know-how, бизнис стратегии, репутација и се останато што има вредност за компанијата, а не е во физичка форма. Овие нематеријални средства може да достигнат многу поголема вредност од материјалните средства на компаниите. Во САД, во 2024-та година, 90% од сите asset-и на топ 15 компании по вредност биле во нематеријални средства. Не во машини, не во недвижнини или слично. Туку во интелектуални креации, чија што вредност неограничено може да расте.
За да го препознаат ова, на компаниите им нудиме сеопфатен IP (Intellectual Property) Audit, со што целта е да се откријат сите нематеријални средства што компанијата ги поседува. Со оваа слика, правиме план за заштита, кој што има за цел да го поддржи бизнис планот на компанијата. Се носат одлуки дали и колку трговски марки ќе се регистрираат. Дали постои потенцијал за патентирање на технологија. Кои територии ќе се опфатат. Како да се обезбедат ефикасни механизми за чување на трговски тајни и т.н. На крај пристапуваме кон регистрација на сите права, локално и глобално.
Во случај кога компаниите однапред имаат донесено одлука што сакаат да заштитат, пристапуваме веднаш кон регистрација на правата (трговски марки, патенти, дизајн – локално и глобално). На крај, ги советуваме компаниите и за нови начини на монетизација, на пример преку лиценцирање на заштитената интелектуална сопственост.
- Кои се најчестите грешки што компаниите ги прават и што треба да направат за да ги избегнат?
Како број еден овде би го навела тоа што компаниите често реагираат реактивно на тема заштита на интелектуална сопственост, наместо проактивно. Најчесто, потребата ја согледуваат кога веќе ќе се појави некој конфликт, некој ќе ги ископира или ќе сфатат дека нивното решение некаде постои и не можат да го заштитат, а тие вложиле многу ресурси во развој.
Од друга страна, кога имате нешто уникатно и заштитено, можете да го продавате по премиум цена на пазарот. Не мора да влегувате во трка за пониска цена со конкуренцијата. Заштитената интелектуална сопственост ви дава право да им оневозможите на другите да ве копираат и со тоа да понудите премиум производи/услуги на пазарот.
Во реалноста, колку порано се тргне во процесот на заштита, толку повеќе степени на слобода имаат компаниите понатаму.
- Со каков тип на клиенти соработувате и каде може да ве најдат компаниите?
Најчесто соработувам со мали и средни компании и стартапи од Европа. Откако почнав да работам локално, интересно што запознав и многу индивидуалци-иноватори, кои соочувајќи се со некој проблем секојдневно, измислуваат решение и стигаат до иновација што не постои никаде. Кај нас постои огромен потенцијал за развој на ова поле. И тука сметаме дека можеме да понудиме стратешка поддршка за глобална заштита и излегување надвор од рамките на македонскиот пазар.
Повеќе информации за нашата работа и услугите има на нашата веб страна. Преку меил, телефон или контакт формата на веб страната, компаниите можат да стапат во контакт со нас. Првата консултација секогаш е бесплатна.