Организаторите на настаните NEM, водечките собири на телевизиската и медиумската индустрија во регионот на Централна и Источна Европа, ги потврдија датумите за претстојните изданија. NEM Zagreb 2025 ќе се одржи на 8 и 9 декември 2025 година во хотелот „Еспланада“ во Загреб, додека NEM Dubrovnik традиционално ќе се одржи во хотелот „Дубровник Палас“ од 8 до 11 јуни 2026 година.
„NEM Dubrovnik низ годините се профилираше како неизбежен настан за ТВ индустријата, секое издание ги подигнува стандардите со рекорден број изложувачи, купувачи и компании. NEM Zagreb оваа година ќе биде поинаков од претходните изданија, па покрај телевизијата и филмот ќе ги обединува и новите генерации креатори, но и брендовите. Заедно овие настани претставуваат единствена платформа што ја поврзува индустријата, брендовите и креативците и ја обликува иднината на видео-содржината“ – истакнува Сања Божиќ-Љубичиќ, основачка на NEM Dubrovnik и NEM Zagreb.
NEM Dubrovnik 2026, најзначајниот B2B собир на ТВ индустријата во регионот на Централна и Источна Европа, повторно ќе биде домаќин на најголемите глобални и регионални компании, индустриски лидери и експерти од областа на телевизијата, стримингот, телекомуникациите и технологијата.
NEM Zagreb 2025, под слоганот „Inspiring Video Creation“, е насочен кон создавање содржина во земјите од Централна и Источна Европа со помали продукциски капацитети. Од оваа година NEM Zagreb ќе биде уникатно европско, индустриски испреплетено средиште во креацијата на видео-содржини, обединувајќи водечки личности од ТВ и филмската индустрија, новите генерации креатори, брендови и платформи.
Повеќе информации се достапни на официјалните страници на NEM Dubrovnik и NEM Zagreb.