Се наближува 13. издание на SoMo Borac, на кое ќе бидат наградени најдобрите ригионални дигитални проекти во сферите на медиумите и огласувањето. Конкурсот за пријавување проекти е отворен до 24 септември, а официјалната наградна церемонија ќе се одржи на 24 октомври во центарот за настани „Mozaik“ во Загреб.
Главен спонзор на SoMo Borac веќе четврта година по ред е Aleph. Соработката помеѓу SoMo Borac и Aleph се заснова на постигнување заеднички цели во развојот на дигиталниот маркетинг и јакнењето на регионалната дигитална заедница. Aleph оваа година доведува и предавач од Pinterest кој, во рамки на конференцискиот дел на настанот, на публиката ќе ѝ понуди повеќе детали за огласувачките можности што Pinterest започна да ги нуди во регионот.
„SoMo Borac е еден од најголемите и најрелевантни настани во областа на дигиталниот маркетинг во овој регион и прерасна во центар за размена на знаење, најнови трендови и практични примери од кои секој може да научи нешто. Aleph е активен учесник во дигиталниот екосистем и претставник на водечки дигитални медиумски платформи како Amazon, Digital Turbine, Microsoft, Reddit, Spotify, Snapchat, Pinterest, TikTok, Twitter и Twitch. Сакаме да продолжиме со подигање на свеста за важноста на високите стандарди на перформанс-маркетингот и иновативните решенија во рамки на дигиталното огласување на овие простори. По ексклузивното партнерство со TikTok, кој минатата година ги отвори вратите за регионот, оваа година Aleph го носи и Pinterest на локалниот пазар, кој ќе биде присутен и на SoMo Borac, а ќе се дискутира за некои од најактуелните теми во дигиталниот маркетинг“ – изјави Иванка Мабиќ Гагиќ, извршна директорка на хрватскиот огранок на Aleph.
Aleph ја доделува и наградата „Special Mention by Aleph“ со која сака особено да ја истакне ефективноста и иновативноста во дигиталниот маркетинг, поттикнувајќи и наградувајќи најдобри практики во индустријата. Посебен акцент ќе биде ставен на кампањи што покажуваат креативност заснована врз податоци, скалабилни резултати и мерлив поврат на инвестиции. Паметната употреба на вештачката интелигенција или примената на напредни методи за мерење претставува дополнителен плус. Пријавените проекти од категориите „SoMo Growth“ и „Video Impact“ автоматски влегуваат во изборот за „Special Mention by Aleph“, а оние што ќе одлучат да го пријават својот труд директно во оваа категорија ќе можат да го сторат тоа без надомест. За победникот одлучува специјално жири составено од тимот на Aleph.
Соорганизатор на SoMo Borac трета година по ред е Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI), која од година во година придонесува кон јакнењето на медиумскиот сехмент на натпреварот и поддршката во споделување знаење и ресурси меѓу заедницата на дигитални издавачи. Оваа година е воведен новитет во вид на наградата „Northern Star“, која ќе се доделува на проекти, кампањи и партнерства на медиуми, огласувачи, агенции и институции што со своето дејствување придонесуваат за јакнење на независноста, транспарентноста и иновативноста на хрватскиот дигитален екосистем. Наградата е наменета за сите, но активности можат да номинираат исклучиво членките на HUDI, додека пријавите ќе ги оценува извршниот одбор на здружението.
„Со „Northern Star“ сакаме да ја истакнеме наградата што ги препознава пионерите на нашиот дигитален пазар – оние кои покажуваат дека можеме да градиме одржливи и иновативни модели. Со тоа испраќаме јасна порака дека хрватскиот дигитален медиумски простор има сила, знаење и заедништво за обликување на сопствената иднина. SoMo Borac е совршено место за претставување на оваа награда бидејќи ги обединува најдобрите регионални проекти, а ние сакаме да ја нагласиме важноста на домашната перспектива“ – посочува Озрен Кроња, извршен директор на HUDI.
Медиумските издавачи можат да ги пријават своите проекти во следните категории: „Best Media Feature“, „Digital Product of the Year“, „Digital Design of the Year“, „SoMo NATIVE“ и „Best Media Storytelling“. Повеќе за условите и правилата за пријавување во категориите SoMo Media можете да прочитате на официјалната веб-страница на SoMo Borac.
Сегментот наменет за огласувачите се состои од 11 категории, меѓу кои и новата перформанс категорија „SoMo Video Impact“, која ги наградува видео-содржините што постигнале врвни резултати. Можат да се пријавуваат формати како YouTube видеа, онлајн серии, видео-огласи, брендирани содржини и видео содржини на социјалните мрежи, без разлика дали се продуцирани за дигитални канали или адаптирани за нив.
Новитет е и проширувањето на категоријата „Digital Product of the Year“, која стана меѓународна, па од оваа година можат да се пријават дигитални продукти наменети за било кој пазар, во или надвор од регионот.
Во тек е „COMEBACK“ акција за влезници – обезбедете го своето место навреме и претплатете се кон билтенот на SoMo Borac за да бидете први што ќе ги дознааваат новости околу најважните дигитални награди во регионот. Следете ги и страниците на SoMo Borac на Facebook, Instagram и LinkedIn.