„Номад фудс лимитед” најави дека е заинтересирана за преземање на „Финдус Свериге АБ груп” за околу 500 милиони фунти, со што дополнително ќе ја зајакне позицијата во континентална Европа во категоријата смрзната храна.
Купувањето ги вклучува и интелектуалните права врз брендовите Findus, Lutosa и La Cocinera.
Оваа аквизиција е најавена четири месеци откако „Номад холдингс” договори преземање на „Игло”, производителот на смрзнатата програма Birds Eye за 2,6 милијарди евра. Преземањето на работењето на Финдус груп на Номад фудс”ќе му ја донесе лидерската позиција во Франција, Шведска, Норвешка, Шпанија и во Финска, се наведува во соопштението.
Со здружени сили, „Игло” и „Финдус” ќе создадат прехранбен гигант во доменот на смрзнатата храна. Според податоците на „Еуромонитор интернациолал”, „Игло” е еден од најголемите светски производители на смрзната храна, со глобален пазарен удел од 3,3% во 2014 година.