We have “Ignition.”
Тоа е насловот на новата кампања за Хонда на агенцијата Wieden + Kennedy од Лондон, која користи лет во вселената како визуелна метафора за храбри иновации. Метафорите се всушност силно вметнати во „лансирањето“ на спотот на кампањата, кој со траење од 90 секунди, со многу уметнички слики и акции, подсетува на наследството на Хонда, од патнички автомобил, Формула 1 трка, воздухопловство, роботика и уште многу повеќе.
„Сакавме нешто што би опфатило чувство на еден храбар и човечки подвиг“ , истакна креативниот директор на W+K Scott Dungate зa AdWeek. „Патувањето во вселената е можеби најголем израз на тоа, па мислевме дека приказната која се врти околу очекувањето на ракетно лансирање, би била забавен начин да се драматизира „предизвикувачкиот дух“ кој го проткајува Хонда и нејзините производи”
Во спотот се појавува и роботот Asimo, како и возачот на McLaren-Hondа, Jenson Button. Во еден момент, се слуша и гласот на покојната икона на Формула 1, Ayrton Sennа. Тука е и долгиот конвој на возилата на Хонда – мотоцикли, еден HR-V, желно очекуваниот Civic Type R и млазен авион – кој во раните зори успорено се движи, припремајќи се да полета кон излезеното сонце на хоризонтот.
“Снимавме на напуштен мост во Киев,Украина“ истакна Dungate. „Тоа беше назаборавна локација за снимање, а покрај малку чистење на површината на мостот, (со визуелни ефекти), она што го гледате во спотот е она што постои и во стварност, дури и сонцето кое излегува речиси на самата средина на пистата“.
Фамилијата во HR-V носи посебно направена астронаутска/тркачка опрема, a саундтракот содржи некои од класичните нумери со аудио диск, лансиран во длабоката вселена на вселенскиот брод Voyager 1.
„Осмелете се да направите нешто за кои другите само сонуваат“, е слоганот на кампањата.