Германскиот синџир на супермаркети Аldi ја избра Publicis Media за своја нова глобална агенција за медиско планирање и закуп, со што заврши високо конкурентниот процес на ревизија кој започна во јануари 2025 година – пренесува адвертајзинг магазинот Campaign.
Publicis ја обезбеди победата со посебен агенциски модел креиран специјално за трговецот, наречен Aldi One. Овој пристап ќе му овозможи на Аldi да ги унифицира своите кампањи на различни пазари, а во исто време да ги приспособува на локалните публики. Партнерството се очекува да ги опфати сите глобални операции на Аldi, што претставува значаен чекор во усогласување на бренд-пораките низ различни региони.
Според податоците на истражувачката компанија COMvergence, глобалниот договор е проценет на околу 871,1 милиони долари во 2025 година. Ова го прави еден од најголемите медиумски договори склучен годинава и значајно засилување во портфолиото на Publicis.
Со оваа одлука, Аldi ја потврдува својата амбиција да го засили влијанието во трговскиот сектор преку поконзистентни и поимпактни медиумски стратегии.