Microsoft, еден од глобалните технолошки лидери, ја избра хрватската агенција Komunikacijski laboratorij да ги води односите со јавност на девет клучни пазари: Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Украина и Казахстан.
Оваа соработка опфаќа поддршка во стратешко советување, корпоративна и кризна комуникација, како и односи со медиуми и креатори на содржини.
Акцентот е ставен на водење стратешки комуникации кои ја поддржуваат позицијата на Microsoft како лидер во користење на вештачката интелигенција во дигиталната трансформација, иновациите и одговорното работење.
Агенцијата Komunikacijski laboratorij е воедно задолжена и за комуникацијата на брендот Xbox, дел од гејминг дивизијата на Microsoft.
„Водењето на односите со јавноста за Microsoft за нас претставува големо професионално признание и навистина ни е драго што Komunikacijski laboratorij е препознаена како квалитетен партнер за водење комплексни комуникациски проекти во региони кои бараат стратешка прецизност и длабоко разбирање на локалните специфики“ – истакнува Мануела Шола, основачка и директорка на агенцијата Komunikacijski laboratorij. „Нашата сила е во нашиот стручен тим и широката мрежа на партнери и експерти низ Европа и Централна Азија, што ни овозможува да обезбедиме комуникациска поддршка која е истовремено глобално усогласена и локално релевантна.“

„Нашата мисија е да ги оспособиме луѓето и организациите со помош на технологијата да постигнат повеќе. Со новиот комуникациски партнер продолжуваме да градиме доверба преку јасна и одговорна комуникација. Заедно ќе се обидеме да ги приближиме иновациите на Microsoft – особено во областите како што се вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста – на начин кој е релевантен за локалните заедници и да создадеме иницијативи кои носат опиплива вредност“ – објаснува Ирена Меркаш, директорка за комуникации на Microsoft во Јадранскиот регион, Украина и Централна Азија.

Соработката со Microsoft дополнително ја зацврстува позицијата на Komunikacijski laboratorij како еден од водечките комуникациски партнери во регионот и претставува важен исчекор во зајакнувањето на меѓународното присуство на агенцијата.
Komunikacijski laboratorij веќе долг низ години успешно соработува со регионални и светски клиенти како Nestlé Adriatic, Procter & Gamble, Visa, Kaufland, McDonald’s и други, во областа на корпоративните комуникации, стратешкото позиционирање и интегрираните кампањи.