За атлетите и изведувачите кои се на врвот од својата професија, успехот никогаш не е даден туку така. Талентот е надградуван со постојан тренинг, секојдневна посветеност за да се биде подобар од тоа што си бил пред само еден ден.
Најновата кампања созадена од Droga5 за Under Armour го илустрира овој факт на еден хипнотизирачки начин, прикажувајќи три од денешните најголеми ‘ѕвезди’ како армија сама за себе, како вредно и посветено работат, доведувајќи ги до перфекција сите свои потези, без разлика дали се работи од зад линијата за три поени или под театарските светла.
Првенецот на American Ballet Theatre Мисти Копеланд, заедно со NBA ѕвездата Стефен Кари и шампионот во голф Џордан Спит се дел од овај нов 60-секунден спот на брендот за спортска опрема.
“Концептот на ‘Rule Yourself’ кампањата е едноставен: ти си збир од целиот твој тренинг. Тоа е единствениот начин за да се стане подобар”, изјави Адам Пик, EVP за глобален маркетинг на Under Armour. “Тоа е заедничка врска која ги обединува сите наши атлетски ѕвезди низ светот”.
Спотот започнува со соло кадри на атлетите, но магично се развива во армија од танчери, голфери и кошаркари кои изведуваат вежаба по вежба, во перфектна складност. Илјада Кариевци напоредно дриблаат со две топки, неколку сантиметри од земјата непосредно откако Џордан Спит удира стотици голф-топчиња катапултирани низ воздухот и армија од Миси Копланди се вратат во гигантски круг.
Слоганот, “Ти си збирот од целиот твој тренинг” (“You are the sum of all your training”), се појавува на крајот ос спотот, отако клоновите на атлетите се обединуваат.
“Under Armour обезбедува обувки, облека и опрема што на атлетот му е потребна за да помине низ еден тежок тренинг. Но, ние сакаме да им дадеме и една екстра инспирација да се подобруваат секој ден, да продолжат да ја градат својата внатрешна армија, а да останат фокусирани на успехот дури и кога станува тешко”, додаде Пик.
Кампањата ќе вклучува и серија од пократки спотови, кои ќе бидат објавени на есен, а во кои ќе се најде и ѕвездата на New England Patriots Том Брејди.